(ФОТО) МИСТЕРИОЗНО ЕЗЕРО во кое мештаните „гледаат спас“

Езерото што лежи на исто место со милениуми привлекува многумина, но пристапот до неговиот брег е забранет …
Јапонското езеро Масу се наоѓа во Националниот парк Акан-Масу во северниот дел на земјата и се смета за свето од народот Аину.
За жал, пристапот до брегот на езерото не е дозволен за туристите од безбедносни причини. Густата магла што го опкружува и стрмните карпи ја загрозуваат безбедноста на посетителите.


Покрај неговиот мистериозен изглед и настанок, името на езерото е мистериозно. На аину јазик, езерото Масу е наречено Камито, што значи „езеро на боговите“, а локалното население верува дека кога некој поминува низ тежок период треба да пристапи што е можно поблиску до езерото, со надеж дека ќе добие одредена инспирација за решавање на проблемот.
Жителите на Аину веруваат дека во езерото живее женски дух, а според легендата, секој што ќе го види одразот во водата, што е тешко заради постојаната и густа магла, ќе го следат несреќи. Езерото е создадено со вулканска ерупција и лежи во калдерата веќе 2.000 години.

Езерото има длабочина од 212 метри, што го прави едно од најдлабоките во Јапонија и се смета за едно од најчистите во светот, со видливост од околу 30 метри во длабочина. Езерото останало недопрено бидејќи нема ниту притоки, ниту извори, туку само „стои во место“ и привлекува туристи со својата мистерија и убавина.
На посетителите не им е дозволено да пливаат, рибарат или пливаат во езерото, но има неколку гранични точки од кои може да го гледаат езерото од безбедно растојание, пренесува BBC.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Како брзо да се исушат алиштата во зима? Овие генијални трикови заштедуваат време!

Доколку немате тераса или соба во вашиот стан каде што можете да ги исушите алиштата, …