(ВИДЕО) УЖАСНА ТРАГЕДИЈА – СЕСТРИТЕ ИСЧЕЗНАЛЕ ОД ДОМОТ НА ХРАНИТЕЛИТЕ, НАСЕКАДЕ ГИ БАРАЛЕ: Кога се вратиле дома затекнале хорор сцена!

Две девојчиња, од американскиот Хинсвил, биле пронајдени мртви во вжештен автомобил откако исчезнале од дома во текот на ноќта.
Близначките Раелин и Пејтон Кејс (3), починале во неделата попладне во автомобил на 52 Целзиусови степени, а резултатите од обдукцијата покажале дека смртта уследила после топлотен удар.
Деталите за смртните случаи се прилично мистериозни бидејќи се верувало дека исчезнале пред нивните хранители да повикаат полиција.


На денот на нивната смрт, дневната температура била 34 степени. Не е јасно како воопшто влегле во возилото.
Девојчињата последен пат биле видени живи во петокот од нивната биолошка мајка Скај Кејс, која ги посетила заедно со социјален работник. Децата биле одземени од нивните биолошки родители една година порано, како резултат на низа компликации и проблематичен животен стил.
“Ова е кошмар. Ми се чини дека бевме последни што знаевме дека нашите ќерки починале. Каде била жената што требаше да се грижи за нив”, рекла Скај.
Хранителите, според полицискиот извештај,очајнички ги барале девојчињата, а кога не можеле да ги најдат во домот, тие почнале да ги пребаруваат дворот и соседството.

Кога се вратиле пред куќата, ги забележале девојчињата во автомобилот. Нивната мајка рекла дека ги посетувала секој петок со нивниот татко откако отишле во згрижувачко семејство. Семејството веќе поминало пекол откако ја изгубиле својата ќерка, која починала на само три недели.
„Тие беа толку живописни, толку … совршени. Трагедиите ни се случуваат една по друга“, рекла нивната мајка.
Семејството сака да ги погреба близнацчките заедно со постарата ќерка која починала во 2014 година.

Екран.мк/People
Фото: Youtube/Printscreen

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се слави Преподобен Гаврил Лесновски: Чудотворец и исцелувач од чиј гроб се лекувале!

Според календарот на МПЦ, кој се води по стар стил , денеска(28. јануари) е 15-ти …