(ВИДЕО) ГЕСТ ЗА ПОЧИТ: Глумецот и го честитал 100. роденден на својата обожавателка и сите ги разнежнил!

Најстарата обожавателка на Двејн Џонсон го прославила 100. роденден, а американскиот глумец по тој повод снимил видео и ја воодушевил Мери Гровер…
Двејн „The Rock’ Џонсон (47) ја развеселил својата обожавателка со видео за роденден. Американскиот глумец на госпоѓа Мери Гровер и снимил персонализирана честитка по повод 100. роденден, а видеото многу бргу станало вирален хит.
Најдобраиот пријател на внуката на Гровер, Џејми Кинглер, го замолил The Rocka да и го честита роденденот на Мери со оглед на тоа дека таа е негов голем обожавател.

„Слушнав дека сте мој голем фан и почестен сум. Ви испраќам многу љубов и добри желби за 100. роденден. Каков неверојатен живот. Почестен сум што можам да ви го честитам роденденот. Сега можете да каснете торта, напијте се и добро забавувајте“, и испеал The Rock. Стогодишната славеничка била воодушевена и му порачала дека многу го сака.

„Те обожувам, ти си закон“, му рекла Мери, а Кинглер објаснил дека госпоѓата ја следи кариерата на глумецот веќе 30. години.

„Пред 25. години кога јас и нејзината внука бевме во средно училиште носеше маичка со неговиот лик и цело време говореше колку е згоден“, напишал Кинглер на Твитер профилот на Џонсон и го замолил на госпоѓа Мери да и го честита 100. роденден, на што глумецот се согласил.

Видеото за кусо време било прегледано повеќе од 900.000 пати, а реакцијата на славеничката ја објавил и самиот глумец на социјалните мрежи.
„Среќен сум кога можам да го видам ова. Среќен 100. роденден на баба Гровер! Среќен сум што сте моја обожавателка. Би сакал мојата баба да е жива, но ваквите работи се најубавиот дел од популарноста и славата“, додал глумецот кого Форбс го вброил на листата на најплатените глумци во 2019. година.

Џонсон во периодот од 1. јуни 2018. до 1. јуни 2019. година заработил дури 90. милиони долари и така го претекнал Австралијанецот, Крис Хемсворт (36) кој е „тежок“, 75. милиони долари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Твитерџиите почнаа со предвидувањата: Познати носителите на изборните листи на СДСМ

Изборите уште не се закажани а на Твитер веќе почнаа првите претпоставки и прогнози, околу …