(ВИДЕО+ФОТО) Од понеделник на Сител вториот дел од „Далеку од дома“

Актерите кои се прославија со легендарните улоги од “1001 ноќ” овојпат повторно заедно во нова приказна исполнета со љубов, војни и заговори.

Капетан Џевдет е храбар војник, гордост на својата татковина. Тој е истовремено сопруг, бескрајно вљубен во својата сопруга, убавицата Азизе, но и грижлив татко на своите деца и добар син на својата мајка. За време на балканските војни, испратен е во Солун да служи во одбрана на татковината. Ако некој би го прашал дали би избрал одданост кон родната земја или сопствениот живот, лесно би добил одговор. Но, доколку соборците и пријатели го прашаат дали татковината би ја ставил пред фамилијата, лесно не би добиле одговор.

Откако Џевдeт ќе замине далеку од дома да се бори на фронтот, за Азизе започнува тежок период во кој на сопствените плеќи ќе мора да ги носи и сопствениот, но и животите на свекрвата и своите три деца – Хилал, Јилдиз и Али Кемал.
За време на војната, Азизе ќе биде само мајка која ќе прави сѐ за да ги изведе децата на вистинскиот пат, а животот од корен ќе ѝ се промени откако ќе ја чуе трагичната вест. Џевдeт на бојното поле го дал животот за татковината. Несреќната вест ќе го распарчи нејзиното срце, но грижата за семејството е тоа што ќе мора да ја води понатаму.

Неколку години подоцна, Јилдиз станува убава млада девојка со високи цели за богато да се омажи, за Хилал смислата е во љубовта кон родното место и политичкиот ангажман, а Али Кемал е поразличен од неговите сестри. Тој е момче кој бесцелно талка, живејќи со љубовни болки и тажната вистина за себеси која во меѓувреме ја спознава.

Тешка финансиска криза следува за Азизе и нејзините деца, чиј единствен излез е Тевфик, пријател на Џевдeт од детството кој сака да се ожени со Азизе и кој всушност го предал нејзиниот сопруг во војната. Додека Азизе се обидува да излезе на крај со проблемите на своите деца и себеси, семејството го потресува и веста дека Грците го окупираат Измир.

Таа окупација, целосно неочекувано, ќе им ја врати личноста која ја сметаа за секогаш загубена. Ќе се врати нивниот татко и сопруг, Џевдeт, додека нивната татковина како феникс ќе се издигнува од пепелта.

Улоги: Халит Ергенц (Џевдет), Бергузер Корел (Азизе), Онур Сајлак (Тевфик), Себнем Хасанисоуги (Ефтелија), Челиле Тијон (Хасибе), Кубилај Ака (Али Кемал), Мирај Данер (Хилал).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ден кога е се можно: Полната месечина на 12. декември значително ќе влијае на нашите животи!

Во четврток, 12. декември 2019 година, имаме полна месечина, која астролозите сè уште ја нарекуваат …