(ВИДЕО+ФОТО) Новак Ѓоковиќ со уште една лекција по тенис: Убедлив против Гофан за пласман во финалето во Токио!

Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на АТП турнирот во Токио со победа од 2:0 против Давид Гофан, во сетови 6:3 и 6:4. Во финалето, тој ќе игра со Џон Милман во 8 и 30 во недела со директен пренос на Спорт Клуб 1.

Српскиот тенисер веднаш направи брејк и си донесе предност од 3:0 во првиот сет. Гофан имаше брејк за 3:1, но Ѓоковиќ лесно успеа да се извлече и да си донесе предност од 4:1. До крајот на сетот, Србинот доминираше и имаше дури две сет топка при резултат од 5:2. Потоа Гофан се извлече и Новак го заврши својот прв сет во својот сервис кој и го доби со 6:3.


Во вториот сет Ѓоковиќ бргу направи брејк, Гофан имаше три шанси да го врати брејкот, но првиот играч на светот успеа да ги спаси сите три ситуации и да го завери брејкот од првиот гем. Така Ѓоковиќ поведе со 2:0 и до крајот на сетот беше доминантен за пласман во финалето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„НЕ МИ СЕ ИСПЛАЌА! Џорџ Клуни одбил 35. милиони долари за еден ден работа

АКТЕРОТ Џорџ Клуни изјавил дека еднаш му биле понудени 35. милиони долари за еден работен …