(ВИДЕО+ФОТО) НЕВЕРОЈАТНА ПРИКАЗНА – МАЈКА МУ НЕ САКАЛА ДА МУ ГО ДАДЕ ИЗВОДОТ А ПОТОА ДОЗНАЛ СТРАШНА СЕМЕЈНА ТАЈНА: Цел негов живот бил лага!

Кога Алберт Гилмор сакал да се ожени, му требал изводот од раѓањето, сепак, тој бил многу изненаден зошто неговата мајка не сакала да му го даде.
Кога конечно го имал документот во рацете, тој открил голема семејна тајна.
Имал 21. година кога дознал дека жената за која верувал дека е негова постара сестра е всушност неговата мајка. Како што се испоставува, неговиот татко бил еден од 300.000 американски војници стационирани во Северна Ирска во Втората светска војна.
Руби Гилмор, за кого тој верувал дека е негова сестра цел живот, всушност била неговата мајка, а го одгледале неговите баба и дедо. Името на таткото не било внесено.


Руби имала 17 години кога го запознала младиот војник, Алберт, во Еглинтон. Тие се разделиле во пролетта 1944 година, кога Алберт морал да замине за да учествува на истоварувањето во Нормандија.
Кога се породила во ноември, таа го именувала својот син според неговиот татко, за кој била убедена дека е мртов.
Од почит кон неговите баба и дедо, Алберт решил да ги остави работите како што биле, но скоро 35. години подоцна, во 90-тите, неговата ќерка Карен Кук решила да ја испита целата приказна.
Карен од малечка знаела дека нејзиниот дедо бил американски војник. Врз основа на адресата што ја запишал на кутијата цигари, таа им влегла во трага на тетките на Алберт.

„Најдоброто нешто што можам да му го дадам на дедо ми беше да запознаам роднини кои се уште се живи“, вели таа.
Меѓутоа, кога Алберт ја повикал својата тетка во Америка, дознал дека неговиот татко починал пред 20. години. Сепак, тој бил задоволен кога слушнал дека неговата баба е сè уште жива и има двајца полубраќа. Неговата тетка му ја испратила фотографијата на татко му. Додека гледал како фотографијата излегува од факсот, не можел да верува колку личат.
После тоа Алберт и Карен заедно отпатувале во Америка каде топло ги пречекале.

„Беше нереално. Не морав да објаснувам или докажувам ништо“, вели Алберт.
Американското семејство во него го видело неговиот татко. По емотивната средба со неговата баба, тој го посетил гробот на неговиот татко.
„Беше покриен со снег и морав да го тргнам за да го прочитам неговото име“, вели Алберт.
“Во тој момент, се чувствував како да исфрлувам голем товар. Заминав со чувството дека животот ми е повторно комплетен”, заклучил тој.

Екран.мк/BBC
Фото: Printscreen

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПАРТНЕРОТ ФЛЕРТУВА СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛКИ: Еве како да откриете дали се работи за МИКРО-ИЗМАМА

Иако сте во врска неколку месеци, сепак вашиот партнер се допишува со поранешната девојка на …