(ФОТО) ЖИВОТ ИЛИ СМРТ – ТРЕНЕРОТ МУ ЗАБРАНИЛ „брза храна“: А, како изгледа денес е вистинско чудо!

Промената не е лесна за спроведување, дури и за навиките кои се лоши за здравјето. Но, промените исто така не доаѓаат преку ноќ.
Овој човек тежел 230. килограми, а неговиот живот бил во опасност поради неговата тежина. Затоа осе фрлил на работа. Дарен „Дибси“ Мекклинток има 27. години, од Англија е и сака брза храна. Ова е главната причина зошто тој наталожил толку многу килограми.

Кога отишол во болница поради проблем со срцето, му рекле дека „нема уште долго да живее“, освен ако не го промени животниот стил.
„Ми се скрши срцето кога ја видов мајка ми како реагира на сè. Да не беше таа ситуација, не знам дали би се сменил. Сега морам директно да се соочам со мојот проблем – сега или никогаш“, рекол Дарен за својата одлука.
Додека бил во теретана со неговата мајка, Дарен го забележал познатиот тренер Мајк Ханд. Добитник е на многу награди и во 2017. година беше прогласен за најдобар британски личен тренер.
Мајк е познат и по тоа што еднаш годишно бесплатно примал клиенто, па го видел потенцијалот во Дарен. Тој им пришол, и така започнала соработката.
Тренерот на блиските ресторани за брза храна им поделил летоци, советувајќи ги да не му служат храна на Дарен поради неговата борба против хернија.
На летокот била прикажана фотографија покрај која пишувало дека „дебелината го убива“.
Дарен се откажал од брзата храна, тестото, десертите и алкохолот. Покрај тоа, тој редовно и жестоко тренирал.
„Беше многу тешко. Сакав да се свртам и да се откажам, но бев мотивиран од луѓето околу мене“, рекол Дарен.
После една година, Дарен е полесен 130. килограми и неговиот тренер сакал да го испрати на авантура што се чинела невозможна. Тој сакал Дарен да учествува на најголемиот полумаратон во светот.
Дарен си поставил личен рекорд полумаратонот да го истрча во рок од 4 часа. Сепак, тој самиот се изненадил и го завршил за 2 часа 43 минути!

„Да ми речевте, ќе трчам на полумаратонот на Велика Британија, дури и пред еден месец, ќе ви се смеев. Јас, секако, ќе се обидам да нтрчам и идната година и се надевам дека ќе го подобрам моето време. Беше тешко, но чувството за достигнувањето е неверојатно“, рекол Дарен.
На полумаратонот имало 57.000 тркачи!
Дарен во моментов се обидува да собере средства за операција за отстранување на вишокот на кожа како резултат на слабеење.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Новинарска проекција на филмот „Врба“ пред повеќе од 80 медиуми од светот

Денеска, во Аудиториумот Парко дела Музика, каде се одвива третиот фестивалски ден на Римскиот филмски …