(ВИДЕО) Рутински до полуфиналето: Ѓоковиќ со час по тенис за Пуј!

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, се пласира во полуфиналето на АТП 500 турнирот во Токио откако го совладал Лука Пуј со 6:1, 6:2.
Србинот до победата над 24-тиот тенисер на светот дошол за само 50 минути. Ѓоковиќ доминираше во секој сегмент од играта, па Пуј едноставно немаше шанса.
Колку беше сигурен првиот играч на светот, потврдува и фактот дека тој загуби само девет поени во првиот сет.
Пуј ја покажа играта што се очекуваше од него само во шестиот гем од вториот сет, кога успеа да направи брејк. Сепак, Ѓkоковиќ бргу му врати со иста мерка, па рутински дојде до победа.


Тоа беше трета победа на Србинот во дуелот со Французинот, славејќи на двата претходни мечеви годинава.
Ѓоковиќ во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од дуелот на Давид Гофан и Хиеон Чунг.
Познати се и останатите полуфиналиња, имено Рели Опелка, го совладаа Jасутаку Учијама со 6:3, 6:3 а Џон Милман, го елиминираше вториот домашен тенисер,Таро Даниел со 6:4, 6:0.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) МУНДИЈАЛОТ КАКО ЗЛАТНА КОКОШКА – Талибанците заработиле милиони од Светското првенство, откриена е неверојатна приказна

Талибанците заработиле милиони од организацијата на Светското првенство обезбедувајќи градежна опрема за изградба на стадионите …