(ФОТО) ТАКА ТОА СЕ ПРАВИ ВО СВЕТОТ – СИН НА ДИКТАТОР ВОЗЕЛ АВТОМОБИЛИ ВРЕДНИ МИЛИОНИ: Швајцарците му ги одземале и продале!

НА ПОЗИЦИЈАТА НА потпретседател на владата на Екваторска Гвинеја, предводена од неговиот татко, Теодорин Обианг ја оштетил земјата за стотици милиони долари, притоа си дозволувајќи му удобен живот во изобилство.
А тоа, покрај голем број луксузни недвижнини, вклучувало и сосема бесмислени работи како купување скулптури на Мајкл Џексон. Во тоа време имал и хоби, па Обијанг се стекнал со најблаго кажано, импресивна колекција на луксузни автомобили.
Дел од таа колекција од 25 автомобили била запленета од швајцарската влада уште во 2016. година и во текот на викендот биле продадени на аукција.
Зачудувачка колекција во која има, на пример, Bugatti Veyron, Koenigsegg One: 1, Mclaren P1 и Lamborghini Veneno Roadster, била понудено во Швајцарија во Bonmont Golf & Country Club.
Lamborghini Veneno Roadster се продал за 8,3 милиони долари, LaFerrari за 2,2 милиони долари, додека Koenigsegg One се продал за 4,6 милиони долари, што е двојно повеќе од очекуваното. Во колекцијата се наоѓал и McLaren P1 кој е продаде за 1,1 милиони долари, Aston Martin One-77 кој се продал за 1,5 милиони долари и  Bugatti Veyron кој достигнал сума од 1,3 милиони долари.
Да потсетиме дека колекцијата на Обијанг му била запленета во два наврати. Прво, во 2012. година, Франција конфискувала серија скапи автомобили, а потоа во 2016. година, реагирала и Швајцарија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …