Серхио Рамос поради навреди на судијата ќе го пропушти „Ел класико“?

Капитенот на Реал Мадрид има шанси да го пропушти „Ел класико“, односно натпреварот со Барселона поради непроистојно однесување…

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос може да биде суспендиран четири натпревари поради пријавата на делегатот по средбата од 7. коло од првенството на Шпанија со Атлетико (0-0). Капитенот на Реал го навредувал арбитерот нарекувајќи ја неговата мајка со непристојни зборови, или поедноставно – користел пцости.
Евентуалната ваква суспензија за Рамос ќе значи отсуство од средбите со Гранада, Мајорка, Барселона и Леганес.
Реал со 15 бода е на првото место на табелата во Шпанското фудбалско првенство.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ослободете се од проблемите со кожата со сода бикарбона – Доаѓа времето на комарците, а…

Сода бикарбоната има навистина чудесно дејство Иако сме навикнати да ја користиме во исхраната, таа …