(ФОТО) ВО ГЕРМАНИЈА „ПАДНАЛ“ францускиот „спајдермен“: Се искачил на 154. метри висока зграда, а кога се симнал му ставила лисици!

Алан Робер (57), познат како француски „пајак-човек“, бил уапсен во саботата попладне, откако се качил на Скајпер  кулата во Франкфурт.

Французинот кој без сигурносна опрема се искачува на боблакодери низ целиот свет, се качил на зграда висока 154. метри за само половина час. Собраната публика го снимала од земја, а полицијата што го привела, исто така го снимала.

Робер веќе 25 години се качува по зградите а го освоил и  Бурџ Калифа, како и Ајфеловата кула. Пред еден месец, тој исто така учествуваше на протестите во Хонг Конг, каде што го разви мировното знаме на врвот на зградата, пренесува АФП.

Екран.мк
Фото: Социјални мрежи

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА: Денеска се регистрирани 27. нови случаи на Ковид 19 – 19. лица ја загубија битката

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа …