(ФОТО) НОВ ПОРОК ИЛИ РЕКЛАМЕН ТРИК: Владо Јаневски секој ден во казино!?

Болен е, не е болен…Ќе има концерт…нема да има концерт…Тоа беа главно муабетите за Владо Јаневски по откажувањето на неговиот концерт во организација на „Авалон продукција“ и повторното презакажување…
Како и да е, сега за Владо Јаневски се врзаа некои други муабети…
ЧОВЕКОТ ИМАЛ ОПАСЕН ПОРОК!
Демек, иако Јаневски со сите сили се трудел да си го задржи доброто здравје, сепак повторно им потклекнал на пороците.

Имено, тој пред неколку дена на неговиот официјален Инстаграм профил објави фотографија од казино.
Во описот се вели дека ова му е омилена локација, па јавноста е со поделени мислења. Додека едни велат дека и тој е човек „од крв и месо“ и дека може да прави што сака, други велат дека не го виделе во вакво издание и сакаат што побрзо да му се врати на „стариот Владо“.

Наша претпоставка е дека станува збор за нов спонзорски договор на Владо Јаневски овојпат со казиното од фотографиите…Бидејќи ако внимателно го разгледате неговиот профил можете да видите само фотографии кои се строго поврзани со спонзорствата и гостувања врзани за неговата кариера.

Владо Јаневски пееше и за виното, иако не го пие, па сосема спонтано „се роди“ неговиот безвременски хит „Црно Тиквешко“, песна која беше на неговиот прв солистички албум.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Тони Цетински бил на трансплантација на коса, СЕ’ објавил на Инстаграм

ТОНИ Цетински објави на Инстаграм дека решил да направи трансплантација на коса. „Одамна имам желба …