(ВИДЕО) НАЈЕДНОСТАВЕН и најбрз КОЛАЧ: Плетенка со чоколадо

Рецептот за овој десерт е совршен за луѓе кои не печеле колачи бидејќи не можат да згрешат. Целото чоколадо се става на листестото тесто кое потоа се сече,плете и се става во рерна…
Се’ што ви треба е готово листесто тесто, расукано, едно чоколадо, јајце и малку исечкани бадеми (може и без нив или заменете ги со лешници, парчиња чоколадо, ореви…).
Ова е фантастичен рецепт за колач кој не може да биде поедноставен.
Постапката е едноставна и лесна. Целото чоколадо сместете го на расуканото листесто тесто, потоа земете нож и исечете па сплетете како што е прикажано во видеото.
Погледнете:

Колачот е готов кога ќе поцрвени
Намачкајте со јајце, нафрлете сечкани бадеми и ставете во рерна загреана на 200 степени и оставете околу 25. минути. Колачот е готов кога ќе поцрвени.
Оваа идеја е одлична ако имате отповеќе чоколадо, а не знаете што со неа. Исто така, на истиот начин можете да подготвите колач и со ореви, лешници, мелен афион…
На пример, измешајте ореви со шеќер и малку млеко, колку да се поврзат состојките па смесата ставете ја во средината на тестото, исечете и сплетете (како и при плетенката со чоколадо).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

РЕАКЦИЈА – Петар Ренџов до Шилегов: „Каква е оваа интелектуална беда во Собранието на град Скопје, каква порака ни праќате на нас граѓаните?“

Ако градоначалникот Петре Шилегов мислеше дека тоа што Дино Мерлин ќе ги забавува скопјани во …