(ФОТО) УБАВИ ВЕСТИ: Малечката Мила закренува – третата операција поминала успешно!

Прекрасни вест за лекувањето на малечката Мила поради која Македонија се крена на нозе – за да се обезбедат потребните средства за лекување…
„Третата операција на нашата ќеркичка Мила, која беше извршена на 18 септември, помина успешно, сподели Зоран Димоски од Охрид, татко на малечката Мила која ја крена Македонија на нозе.
Таа боледува од ретка болест – дистрофија на мозокот, а единствена шанса за подобрување на состојбата беа операциите во специјализирана клиника во Кина.
Како што сподели нејзиниот татко денеска, Мила во моментов закрепнува.
Исто како и претходните две операции беше извршена стереотактичка интервенција со директно вбризгување матични клетки на двете страни на мозокот. Моментално се рехабилитира и закрепнува тука во Пекинг до крајот на месецот.
Од името на целата фамилија сакам да ви се заблагодарам од срце што ни помогнавте во најкраток можен период да заминеме во Кина и да и ја продолжиме насмевката на Мила за подобро утре“, напишаа на Фејсбук родителите на малечката Мила за која цела Македонија донираше за поубаво детство..

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

РЕАКЦИЈА – Петар Ренџов до Шилегов: „Каква е оваа интелектуална беда во Собранието на град Скопје, каква порака ни праќате на нас граѓаните?“

Ако градоначалникот Петре Шилегов мислеше дека тоа што Дино Мерлин ќе ги забавува скопјани во …