(ФОТО) СЕ ОПУШТИЛ – ПОРАДИ СТОМАКОТ И ЧУДНАТА ФРИЗУРА Е НЕПРЕПОЗНАТЛИВ: Важел за најголем ЗАВОДНИК меѓу глумците а вака изгледа ДЕНЕС!

Шкотскиот заводник Џерард Батлер ги мамеше воздишките на жените ширум светот кога го покажа своето мускулесто тело на филм. Шкотскиот заводник се прослави со улогите во мјузиклот „Фантомот од операта“ и епскиот спектакл „300“ каде неговата улога како крал Леонид му подари долгогодишна наклонетост на понежниот пол, а тој стана еден од најомилените момци во Холивуд.

Вајаното тело, густа брада и мажевен глас им се вовлекоа под кожата на сите обожавателки, а редовното појавување на црвениот тепих го направи незаменлив. Дури и улогите во романтични комедии како „P.S. I Love You“ ја поставија неговата позиција како најбаран човек во Холивуд. Иако тој сè уште е голема ѕвезда, неговите најнови фотографии  покажуваат дека годините го стасале на Џерард Батлер (49). Поточно, тој бил виден како сурфа во Малибу заедно со пријателите, а откривањето на неговото голо торзо покажало дека некогашните плочки на стомакот,за жал, се истопиле.

Да потсетиме, овој шкотски актер се појави на црвениот тепих во Лос Анџелес во август со 48-годишната актерка Морган Браун, долгогодишна девојка со која неколку пати ја прекинуваше врската. Притоа, тие јасно ставија до знаење дека ја надминале кризата и дека сега им цветаат рози. Честите раскинувања, кои започнале во 2014 година, го обележаа холивудскиот пар како најнестабилен.

„Џери не е подготвена да се скраси. Тој сметаше дека Морган е вистинската личност во вистинско време, но сè уште не беше“, изјавил извор за странските медиуми, додавајќи дека Џерард многу ја сака Морган, но дека сеуште не е подготвен да преземе обврска.

Но, како една од причините зошто Џерард Батлер ја прекина оваа неколкугодишна врска се наведуваше и дека сеуште има многу убави девојки околу него за да тој се смири само со една.
Фото: JustJared

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(АУДИО СНИМКА) ШОК! Протече СНИМКАТА од брза помош откако Болдвин ја усмртил колешката – Жена вреска и го обвинува ОВОЈ ЧОВЕК!

Слушнете што рекла помошничката сценарист! Невидена трагедија на филмскиот сет се случи кога актерот Алек …