(ВИДЕО+ФОТО) Лепа Брена открива како средбата со видовитата баба Ванга и го променила животот!

„Ванга ми претскажа дека ќе се мажам за човек во бело…“

Фахрета Јахиќ во 1981 година бил непозната пејачка, кариерата ја започнала во тогаш најпопуларната емисија, славната Хит парада. Бермудите на Фахрета биле толку куси, а маичката залепена за телото што дежурните чувари на јавниот морал биле во шок и го исекле целиот нејзин
настап во кој таа имала многу надежи дека тоа ќе биде првиот чекор кој ќе ја лансира на ѕвезденото небо на Југославија.
Некоја виша сила очигледно ја имала Брена во предвид кога е сниман филмот „И Бог ја создаде кафенската пејачка“. Работата била безнадежна. Но, Фахрета не се откажувала. Во глава постојано и одзвонувале зборовите на видовитиот човек кого го запознала кога имала 14. години.
„Тоа беше постар господин, изгледаше многу болен. Минуваше покрај нашата куќа кон боиштето на кое некогаш се борел. Сакаше повторно да го посети. Тропна и замоли за чаша вода. Веднаш го угостивме. Му понудивме кафе, а остана и на ручек“ раскажувала Лепа Брена во медиумите.Но, дали неговата посета била толку случајна?
Во еден момент грижливо ја погледнал девојката, а реченицата која и ја кажал буквално ја пресекла како сабја преку грдите. Била неочекувана, шокантна – иако зборот шок не е доволен да ја опише нејзината сила. Потполно запрепастувачка.
„Еден ден ќе бидеш позната, сите ќе знаат за тебе“ и рекол самоуверениот ненадеен гостин, како во тој момент да гледа нејзина слика од иднината.Фахрета се збунила и одмавнала со раката. Но, кој не би сакал кога видовит човек ви претскажува слава, особено таква, така розева што наликува на бајка.

                                                                                   Фото Инстаграм: Лепа Брена како девојка

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Се чувале за брак: Славни парови и нивната одлука за секс дури после олтар!

Сексуалниот однос е исклучително важен чин за некои дами и мажи на јавната сцена, и …