(ФОТО) Момче (5) победило рак што му се проширил низ целото тело

Родителите Алис Филипс и Рики Ветерли биле шокирани кога дознале дека нивниот син Фреди има невробластом, редок облик на карцином.
Лекарите им рекле на родителите на Фреди дека ракот се проширил низ целото тело, од носот до коленото. Шансите за него да преживее биле многу малечки. Сепак, тој сега е мал борец во ремисија, па дури и започнал да оди на училиште!
Фреди отсекогаш бил среќно и здраво момче. Одеднаш почнал да се жали на болки во нозете. Неговите родители претпоставувале дека не е ништо сериозно. Сепак, кога рекол дека не сака да оди на саемот затоа што нозете толку многу го болат, решиле да го однесат на лекар.


Испитувањето во болницата потврдило дека Фреди имал масивен тумор во желудникот. Тој бил пренесен во болница, каде официјално му бил дијагностициран невробластом. Алис се сетила: „Кога ни кажаа што има Фреди, бевме во шок. Не можевме да веруваме во тоа“.
Фреди веднаш започна 70-дневен циклус на хемотерапија. Минатиот декември, тој бил подложен на трансплантација на матични клетки, а во февруари годинава, со операција му е отстранет туморот. „Тој беше болен и исцрпен од третманот, но издржа сè навистина добро“, рекла Алис.


Алис открила дека Фреди добил голема сила од разговорот со својата помлада сестра, која ги спомнала третманите.
Во мај, Фреди конечно бил чист. Победил во битката каде се чинело дека сите шанси се против него.
„Можевме да видиме карцином по целото тело, едноставно се чинеше невозможно да се преживее. Но, тој одлично се однесуваш и се опорави неверојатно и ние сме горди на него “, изјавила мајката на Фреди Алис за „Дејли меил “.
„Тој навистина е наше мало чудо“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЗА СРЕЌА – 20. РАБОТИ КОИ ПРИВЛЕКУВААТ СРЕЌА и 10. работи кои привлекуваат несреќа: Благосостојбата почива на добри темели!

Исполнете го својот дом со позитивна енергија бидејќи среќата се гради на добри темели… Ако …