(ФОТО) Вардар одбраната на титулата ја започна со победа: Црвеноцрните го добија драматичниот натпревар во Франција!

Екипата на актуелниот Европски шампион, Вардар, успеа да ја победи екипата на Монпеље, во првиот натпревар од Лигата на шампионите со резултат 33: 31.


И покрај тешкиот натпревар поради неуиграноста на тимот на вардарци, тие успеаа да направат пресврт и да дојдат до првата победа во ЛШ.
Првиот дел од натпреварот беше речиси израмнет. Водството се префлаше кај едните и кај другите, а на крајот од полувремето Французите заминаа со еден гол водство на пауза.
Вториот дел започна со силен притисок на Монпеље, но Вардар успеа до 45-тата минута да направи пресврт, за во драматичниот финиш да успеат да стигнат до победа.
Најзаслужен во самиот финиш беше Скубе кој постигна три гола во последните напади, а со последниот од нив стави точка на натпреварот.


Токму Словенецот Скубе беше најефикасен на мечот со осум гола, Дибиров постигна шест, Шишкарев пет, а Атман четири гола.
„Одигравме навистина тежок натпревар. Во првиот дел одбраната не беше на нивото на кое ние сакавме, а нападот беше коректен, бидејќи дадовме 16 гола. Во вториот дел се подобривме и успеавме да дојдеме до посакуваниот триумф. Имавме и неколку лесни голови преку брзи контри и задоволни
сме од резултатот. Не е лесно да победиш на овој терен. Задоволен сум од победата“, рече Давид Писонеро,тренерот на Вардар.


„Во првото полувреме и двата тима имаа многу грешки. Посебно ние во одбраната, затоа што му овозможувавме многу простор на домашниот тим. Примавме лесни голови, а на спротивната страна го немавме тоа. Во вториот дел тоа се смени, игравме подобро. Среќен сум што победивме тука. Сите знаат колку е тешко да се победи на овој терен”, откри Кристијан Дисингер.
Монпелје – Вардар 31-33 (17-16)
Монпелје: Шего, Портнер, Жородо, Симоне 5, Вилемино3, Дескат 5, Гребил 1, Чковребадзе, Бос, Петерсон 3, Ричардсон 2, Порт 7, Лене 3, Афгур, Брито Дуарте 2.
ВАРДАР: Гедбан, Кугис, Кукуловски, Димитриоски, Кристопанс 2, Карапалевски, Сикошек Пилко, Дисингер, Атман 4, Скубе 7, Калараш 4, Чупиќ 4, Дибиров 6, Горбок, Шишкарев 5, Горпишин 1.
Извор: рквардар.мк

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Рафаел Надал се ожени со Мариа Франциска Перелјо: На свадбата најблиските но и поранешниот крал Хуан Карлос!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал и неговата долгогодишна девојка Мариа Франциска Перељо – Чиска, се венчаа …