(ВИДЕО) КАКО ЖЕНА КАЗНУВА НЕВЕРЕН СОПРУГ:ГО УНИШТУВА АВТОМОБИЛОТ – На паркингот сите ја гледале чудно а таа на крај се’ убаво објаснила!

Зачудените минувачи во шок ја гледале лутата жена како земала чекан и почнала да чука по автомобилот. На почетокот не им било јасно, на присутните на паркингот, што се случува, а потоа причината наскоро излегла на виделина – неверниот сопруг ја измамил, и тоа токму во тој автомобил.
Како чин на одмазда, жената го одбрала најнасилниот метод кој можела да го смисли, па затоа започнала методично да чука по автомобилот.
Кога чувар од обезбедувањето конечно дошол и се обидел да ја спречи, лутата жена се свртела кон него.
“Ова е мој автомобил. Не е важно што правам со него. Автомобилот е валкан бидејќи мојот сопруг и неговата љубовница беа во него. Кој ќе ми ја отвори хаубата. Сакам да го уништам автомобилот и во моторот”, викала лутата жена, не откажувајќи се во обидот целосно да го уништи автомобилот…
Видеото од оваа случка како вирус се шири на Интернет.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Вдовицата на Коби Брајант неутешна: „Денес таа би матурирала!“

Ванеса Брајант и оддала почест на покојната ќерка Џиана на денот кога требало да заврши …