(ФОТО) СЛИКАТА ГОВОРИ ПОВЕЌЕ ОД 1000 ЗБОРОВИ: Кејт Мидлтон во блажена состојба!

Го знаете она дека „една слика кажува повеќе од илјада зборови“, е па тоа е случајот и со фотографијата на Војвотката од Кембриџ со реномираната кралска готвачка Мери Бери. Додека Кејт зборувала со неа, таа нежно и ја спуштила раката на стомакот. Сите се прашуваат: „Дали Кејт е бремена по четврти пат?“

За британските новинари специјализирани за кралско семејство, ова движење е јасен знак дека Кејт е во блажена состојба, но сè уште нема официјална потврда. За нив, Кејт се чини дека се „заокружува“. Експертот за кралско семејство Ричард Еден е сигурен дека војвотката би сакала друго бебе. „Таа обожава деца и е подготвена за нејзиното четврто бебе“, напишал тој во „Daily Mail“.

Пред две години, кружеле трачеви дека Кејт е бремена со близнаци, што на крајот се покажало дека е целосно неточно. „Близнаци? Моето ментално здравје би било под знак прашалник да добијам близнаци. Две деца се супер, а не знам како со четири. Мислам дека ќе бидам трајно уморен “, се шегувал принцот Вилијам во тоа време.А, потоа се роди малечкиот Луис.
Дали идните престолонаследници веќе размислуваат и за четврто дете сигурно е дека ќе покаже времето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Рафаел Надал се ожени со Мариа Франциска Перелјо: На свадбата најблиските но и поранешниот крал Хуан Карлос!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал и неговата долгогодишна девојка Мариа Франциска Перељо – Чиска, се венчаа …