(ФОТО) Новак Ѓоковиќ: „Рекордите не се поважни од здравјето и семејството!“

Првиот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ за CNBC изјавил дека рекордите во кариерата му се многу важни, но не и најважните во неговиот живот.
“Дали е поважно од времето што го поминувам со семејството? Дали е поважно од здравјето или нешто? Не, не е. Јас одам низ овој процес и јас сум тотално, 100 проценти, искрен и отворен кон вас. Разговарав за сè со мојата сопруга, родители и браќа затоа што сакав да го слушнам она што тие го мислеа. Сега, приватно и професионално, јас сум во специфична ситуација“, рекол Ѓоковиќ за CNBC, додавајќи:

“Јас сум татко на два ангели и времето што го поминувам со нив е посебно. Не сакам да го трошам тоа време и потоа да погледнам назад во одреден момент од мојот живот и да откривам дека не бев таму во најважните моменти од нивното растење”.
На прашањето дали може да си го замисли животот без тенис, 32-годишниот тенисер одговори:

“Да и не. Јас можам да го замислам, бидејќи не се плашам да останам без него. Се чувствувам среќен за многу други работи, но исто така велам дека не можам да го замислам, бидејќи ќе бидам вклучен во спортот дури и кога не сум професионален тенисер”.

Новак вели дека сака да го пренесе во својата академија целото знаење и искуство што ги собрал, и истакнува дека тешките моменти се составен дел од кариерата на секој тенисер.

View this post on Instagram

Let’s gooo #idemooo #NoleFam #USOpen

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole) on

“Понекогаш мора да жртвуваме одредени работи. Понекогаш има едноставно работи што ги правевме долго време, но тие повеќе не функционираат”, завршил Новак.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Рафаел Надал се ожени со Мариа Франциска Перелјо: На свадбата најблиските но и поранешниот крал Хуан Карлос!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал и неговата долгогодишна девојка Мариа Франциска Перељо – Чиска, се венчаа …