(ФОТО) На ѕвезда на НФЛ девојката му загинала пред очи: Самошто станала мајка!

Хевен Харис Смит, едномесечната ќерка на играчот на „Кливленд Браунс“, Крис Смит, останала без мајка после сообраќајна несреќа. Смртта на Петара Кордеро ја оплакувал целиот клуб…
Петара Кордеро, девојка на играчот на американскиот фудбал, Крис Смит (27), истакнат член на екиата на НФЛ „Кливленд Браунс“, во средата за гинала во сообраќајна несреќа во близина на Кливленд.
Парот имал проблем со гумата, возејќи се на автопатот и се извртел удирајќи на крај во заштитната ограда помеѓу двете ленти. Кордеро излегол од автомобилот без сериозни повреди, но тогап ги удрило доаѓачкото возило и ја усмртило.
Полицијата и болничарите бргу дошле на местото на несреќата, но сепак не можеле да ја спасат Петара која само пред неколку недели ја родила ќерката Хевен Харис.

View this post on Instagram

💕💝

A post shared by Petara Jess (@tarajesss) on

View this post on Instagram

Special girl, real good girl. ✨

A post shared by Petara Jess (@tarajesss) on

“Ова мало девојче го наполни моето срце со толку многу радост и љубов! Јас сум многу благодарен што Бог ме одбра да бидам нејзина мајка! Возбудена сум за животното патување со тебе, Хевен Харис Смит”, објавила таа на Инстаграм откако се родила ќерката.
Смит во моментот на несреќата управувал со автомобилот, а полицијата соопштила дека нема фактор што го спречувал да управува со возилото.
Сопствениците на „Кливленд Браунс“ Ди и Џими Хаслам изразиле сочувство до нивниот играч и семејството.
“Зборовите не можат да ја опишат тагата што ја чувствуваме за Крис по загубата на неговата девојка Петара. Целиот наш клуб жали со него, неговото семејство и Петара. Ние ќе сториме сè што можеме за да ги поддржиме, да им дадеме утеха и помош во ова тешко време”, рекоа тие.

Покрај семејството, психолозите ќе му помогнат на целиот тим на Браунс кој беше без Смит за време на дел од неговата подготовка за новата сезона во НФЛ, за да може да присуствува на раѓањето на неговата ќерка. Клубот ќе застане зад него и ќе му даде можност да одлучи сам кога и како сака да учествува во обврските на тимот.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) БИЛ ЧОВЕК СО ГОЛЕМО СРЦЕ, НИКОЈ НЕ ЗНАЕ ДЕКА ОДЕЛ ТАМУ: Вдовицата на Оливер Драгојевиќ открила сериозна ТАЈНА на славниот пејач!

Вдовицата на Оливер Драгојевиќ, Весна ги коментирала сликите на нејзиниот сопруг и открила некои непознати …