(ФОТО) ИСПОВЕД – МИСЛЕЛЕ ДЕКА СЕ ДРОГИРА А ПОЗНАТИОТ ПЕЈАЧ ШОКИРАЛ: Некогаш мислел дека има СИДА а сега признал од што е болен – има дури 4. дијагнози!

Американскиот пејач Арон Картер (31), помладиот брат на членот на групата „Бекстрит Бојс“, Ник Картер, признал дека страда од шизофренија, акутна вознемиреност, манична депресија и биполарно растројство.
Поранешната тинејџерска ѕвезда и миленик на младите девојки ширум светот зборувал за неговата борба против дијабетесот во интервју за американското ТВ-шоу „The Doctors“ што ќе се емитува денес и утре.

По исповедта, пејачот покажал голема пластична ќеса полна со различни апчиња што треба да ги зема за лекување на различни состојби.
Арон после се им се обратил на своите фанови, велејќи дека ова е неговата реалност и дека тој нема што да крие. Тој признал дека бурниот живот што го води придонесува за влошување на неговото ментално здравје.

„Низ дваесеттите години минав банкрот, четирипати бев потполно шворц, ја изгубив сестра ми… Поминав низ многу различни ментални состојби и сега сум таму каде што сум“, рекол Арон.
Неодамна, полицијата морала да реагира во неговиот дом, а пејачот по раскинувањето со девојката, што резултирало со забрана на пристап бил виден како купува оружје.

Иако многу луѓе имаат лошо мислење за него, Арон сè уште продава концерти, заработувајќи милиони. Со неговиот брат Ник е во лоши односи, а некои фанови се убедени дека е зависник од нелегални супстанци.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) БИЛ ЧОВЕК СО ГОЛЕМО СРЦЕ, НИКОЈ НЕ ЗНАЕ ДЕКА ОДЕЛ ТАМУ: Вдовицата на Оливер Драгојевиќ открила сериозна ТАЈНА на славниот пејач!

Вдовицата на Оливер Драгојевиќ, Весна ги коментирала сликите на нејзиниот сопруг и открила некои непознати …