(ФОТО) ТЕОРИИ НА ЗАВЕРА – МЕЛАНИЈА СО СТАЈЛИНГОТ ПОВТОРНО ГО „ЗАПАЛИЛА“ ТВИТЕР: Многумина на палтото на Првата дама на одбележувањето на 11. септември виделе ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ДЕТАЛ!

Твит од американскиот претседател Доналд Трамп на кој објавува фотографија во чест на 18-годишнината од терористичкиот напад на 11 септември, направил вистински хаос на Интернет, сето тоа заради палтото што го носела Првата дама Меланија.
Поточно, „троловите“ велат дека дел од нејзиното палти, по должината на работ, одговара на сцената на авионот што се урнал во кулата. „Спорната“ фотографија не настанала за време на церемонијата кога Трамп бил во Белата куќа и Пентагон, кога Меланија носела краток, црн фустан на Ралф Лорен.

Нејасна слика на „твитот“ на претседателот покажува неколкумина со грб што гледаат настрана. Меланија на сликата има долго црно палто , порабено со бела нишка.
„Никогаш нема да заборавиме“, пишува под американското знаме на фотографијата.
Кога ќе се зголеми сликата, конецот и копчето на дното на палтото потсетуваат на кула и авион, што веднаш предизвикало хаос на Твитер.

„Дали е ова авионот кој се урна во кулите близначки на позадината на палтото на Меланија?!?“, рекол корисникот Абе Калдвел во неверување. „Не сакам да звучам како залуденик за теории на заговор, но дали некој друг гледа авион како паѓа во кула на палтото на Меланија?“, прашала корисничката Кити Хил.

„Твитерџиите“ потоа почнале да објавуваат фотографии со зголемениот спорен дел од палтото на Првата дама. „Дали ги отпуштија сите стилисти или Меланија е само најголемиот трол досега?“, се запрашал еден корисник. Меѓутоа, на некои им се допаднало палтото.
„Палтото на Меланија има споменик во Вашингтон. Многу ‘кул’ палто“, вели Чарлс Њуби. „Тоа е само отвор на задниот дел од палтото на Меланија. Има копче да го задржи затворено“, истакна друг корисник. Портпаролката на Белата куќа Стефани Гришам за ЈУ-ЕЕЕ изјави дека сето ова е „смешно“.

Екран.мк/USA Today
Фото: Tviter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Твитерџиите почнаа со предвидувањата: Познати носителите на изборните листи на СДСМ

Изборите уште не се закажани а на Твитер веќе почнаа првите претпоставки и прогнози, околу …