(ФОТО) ЕУРЕКА – ОВА Е НАШИОТ НОВ ДОМ ВО ВСЕЛЕНАТА:Откриена планета на која, покрај на Земјата, има вода!

Тим научници од Универзитетот во Монтреал пронашле планета со водена атмосфера која орбитира околу ѕвезда во т.н. зона што може да се живее.
Првата планета со вода, ако не се брои нашата Земја, била откриена во ѕвездениот систем К2-18, оддалечена 111 светлосни години од нас, и сега е означена со К2-18б.Течна состојба
“Ова е најголем чекор кон нашата најголема цел – откривање живот на други планети и докажување дека не сме сами во вселената. Благодарение на нашето истражување, откриено е дека на неа постои вода во течна сстојба. Тоа е прв пат”, рече Бајнер Бенеке, професор Универзитет во Монтреал и водач на тимот.

Не можат да се сложат – кои гасови се важни
Проблемот со откривањето на животот во вселената е што астрономите не можат да се договорат за тоа кои гасови би го докажале присуството на животот.
„Со сигурност ќе бидат потребни некои истражувања за хемискиот состав на можеби стотина планети за да се разбере како се создадени и како тие се развиле“, изјавила Ѓована Тинети, членка на тимот научници, за Би-Би-Си.
Егзопланетата е во категоријата суперземја, бидејќи е двојно поголема од нашата планета и има маса поголема од девет пати. Иако ѕвездата К2-18 е помала и постудена од Сонцето, планетата орбитира доволно близу до неа така што температурите се слични како на Земјата и се движат од нула до 40. степени. Овие температури овозможуваат проточна вода. Според компјутерските модели, дури 50. проценти од атмосферата на планетата е вода.

Планетата К2-18б е далеку од нашата Земја што со постојната технологија е невозможно да се испрати летало кон неа. Сепак, научниците очекуваат дека во следните десет години ќе биде лансирана нова генерација на вселенски телескопи кои ќе можат да испитаат делови од атмосферата и да дадат одговори на прашања за животот во вселената.

loading...

Поладни планети
Водата е откриена и на други планети досега, но тие се или преголеми или премногу топли за да ги поддржат животните услови, додека помалите и релативно постудените планети се потешки за откривање. K2-18b беше пронајдена во 2015 година благодарение на вселенскиот телескоп Кеплер и е една од стотиците планети чија маса е помеѓу Земјата и Нептун, наречена Супер-земја. Водата на планетата е откриена со помош на телескоп Хабл.

Екран.мк


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПЕТ РАБОТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОЧИТУВА СЕКОЈА СВЕКРВА: Само така ќе има совршен однос со синот и снаата

Сите знаеме за стереотипот за свекрвите, кој не е најпозитивен. Меѓутоа, во пракса често е …