(ФОТО) ВИ НЕДОСТАСУВА ЕНЕРГИЈА? Овие намирници треба да ги вклучите во исхраната!

Без разлика дали станува збор за стресна работа, недостаток на сон, семејство или нешто друго, на сите понекогаш ни недостасува енергија.
За почеток, треба добро да научите што да јадете. Поточно, одредена храна може да ви помогне да бидете поопуштени, фокусирани и поподготвени за сите предизвици.
Јаглехидратите се особено важен извор на енергија за нашето тело. Нивниот недостаток може да доведе до чувство на замор и недостаток на енергија. Здравите масти се исто така важни за оптимална функција на мозокот, затоа треба да ги внесете во организмот во доволна количина.
Нутриционистот Жаклин Алвил сподели список на храна што ја зајакнува енергијата за која смета дека треба да биде почесто застапена во исхраната на секоја личност.
1. Банани

„Одличен извор на јаглени хидрати, калиум и витамин Б6 и е супер лесни за брза закуска“.
2. Мрсна риба

„Содржи омега-3 масни киселини за кои се покажа дека ги намалуваат воспалувањата во организмот што е честа причина за замор“.
3. Сладок компир

„Бидејќи сладок компир има голема содржина на растителни влакна и сложени јаглени хидрати, телото ги разложува побавно, обезбедувајќи стабилно снабдување со енергија“.
4. Авокадо

“Богат е со здрави масти и растителни влакна. Мастите од авокадо потекнуваат од моно незаситени и поли незаситени масни киселини и можат да се чуваат во организмот и да се користат како извор на енергија”.
5. Кафе

“Добро е да пиете кафе ако ви треба многу енергија. Кофеинот делува на мозокот за да го зголеми производството на епинефрин. Овој хормон ги стимулира телото и мозокот да се чувствуваат будни и фокусирани”.
6. Зелен чај

“Ги има сите придобивки од кофеинот, како и Л-теанинот, што овозможува да се зголемат нивоата на енергија. Зелениот чај содржи и голема концентрација на моќни антиоксиданти кои можат да помогнат во спречувањето на стресот и воспалението”.
7. Портокали

“Тие се познати по високите нивоа на витамин Ц, но содржат и антиоксидантни соединенија кои можат да обезбедат заштита од стресот што предизвикува замор”.
8. Цели житарки

„Само една чаша интегрален ориз обезбедува околу 88% од препорачаната дневна доза на манган, минерал што им помага на вашите ензими да ги разградат јаглехидратите и протеините за да генерираат енергија“.
9. Хумус

“Комбинацијата на леблебија, таан, масло и лимон го прави хумусот одличен извор на енергија со многу комплексни јаглени хидрати, растителни влакна и здрави масти. Овие состојки помагаат во забавување на апсорпцијата на јаглехидратите, што помага во намалување на шеќерот во крвта”.
10. Јатки и семки

“Јатките и семињата, вклучувајќи бадеми, ореви и индиски ореви, се богат извор на есенцијални масни киселини, влакна и антиоксиданти. Заедно, ги имаат сите основни аминокиселини потребни за да се изгради комплетен протеин. Комбинацијата на овие микронутриенти го одржува вашиот апетит и енергија стабилна подолго време”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Жабуркајте ја оваа течност 60. секунди во устата и сите „наслаги“ од забите ќе исчезнат

Сите ние сакаме да ја задржиме хигиената на устата и да имаме што е можно …