(ФОТО+ВИДЕО) Починал легендарниот кантавтор чии најголеми хитови сите ги знаеме од филмови и серии

ДАНИЕЛ Џонстон, ексцентричен пејач-текстописец и заговорник за свеста за менталното здравје, обожаван од многу други уметници, како што се Курт Кобејн и Том Вејтс, починал рано наутро во неговиот дом блиску Хјустон. Тој имал 58. години. Веста ја потврдил неговиот менаџер Том Гимбел, кој го претставува повеќе од 25 години, пренесува Си-Ен-Ен.
„Тој беше инспирација. Мислам дека тој беше вистински генијалец“, рекол Гимбел. Семејството на Џонстон и Гимбел велат дека тој починал во природна смрт.
“Даниел беше пејач, текстописец, уметник и пријател на сите. Иако се бореше со ментални теми во поголемиот дел од својот возрасен живот, Даниел триумфираше над својата болест со уметност и песни”, се вели во соопштението на семејството.

Тој инспирирал бројни обожаватели, уметници и текстописци со својата порака дека колку и да е темно, „вистинската љубов ќе ве најде секогаш“. Тоа е неговата најпозната песна „True Love Will You Find In In End“, која се користи во бројни филмови и серии.

Џонстон се борел со ментална болест во текот на целиот живот, а организацијата, која на поинаков начин зборува за менталното здравје наречена „The Hi, How Are You Project” е основана од Гимбел и Кортни Блантон со поддршка на Даниел Џонстон и неговото семејство. Проектот е именуван по еден од албумите на Џонстон.

Документарецот од 2005 година „The Devil and Daniel Johnston“ (Ѓаволот и Даниел Џонсон) помогнал да се приближи работата на уметникот до пошироката публика, додека разговарал за неговото биполарно растројство и неговата манифестација на демонска опсесија. Филмот бил награден на филмскиот фестивал „Санденс“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) БИЛ ЧОВЕК СО ГОЛЕМО СРЦЕ, НИКОЈ НЕ ЗНАЕ ДЕКА ОДЕЛ ТАМУ: Вдовицата на Оливер Драгојевиќ открила сериозна ТАЈНА на славниот пејач!

Вдовицата на Оливер Драгојевиќ, Весна ги коментирала сликите на нејзиниот сопруг и открила некои непознати …