РАБОТНИК ПОЧИНАЛ, ЗА ВРЕМЕ НА СЕКС,НА СЛУЖБЕНО ПАТУВАЊЕ: Сега компанијата се соочува со „бизарна“ пресуда за оштета!

Француската железничка компанија ТСО е прогласена за одговорна за смртта на работник кој починал од срцев удар при сексуален однос, на службено патување.
Судот во Париз ја прогласил неговата смрт за „смрт на работното место“, т.е. повреда на работа и врз основа на тоа неговото семејство имало право на обештетување.
Компанијата тврди дека вработениот не извршувал професионални должности кога во хотелската соба донел непозната жена. Но, според францускиот закон,работодавачот е одговорен за секоја несреќа што се јавува на службено патување, објаснил судијата.

Човекот, кој е именуван само како Ксавиер Икс, работел како инженер за железничката компанија ТСО во близина на Париз. Тој починал во 2013. година во хотел за време на службено патување во централна Франција, како што тоа го опишал работодавачот, дека „има вонбрачна афера со целосно непозната жена“, пренесува BBC.
Компанијата се обидела да ја оспори одлуката поддржана од националното здравствено осигурување дека смета дека смртта е несреќен случај на работното место, одбраната се бранела со тврд
ењето дека сексуалната активност е нормална „како туш или оброк“. Во својата пресуда, Апелациониот суд во Париз го потврдил ова гледиште. Вработените на службено патување имаат право на социјално осигурување без оглед на околностите, пресудил судот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НАСЛОВНА СТРАНИЦА КОЈА КРЕНА ПРАШИНА: Синди Крафорд (55) позирала за Вог – без облека!

Насловната страница на списанието „Вог“ е украсена со нејзин портрет со нагласена фризура, но една …