(ВИДЕО) ЈА ЛАЖИРАЛ СОПСТВЕНАТА СМРТ за да докаже дека сопругата ангажирала платен убиец…

КОГА Рамон Соса од Хастон дознал дека неговата сопруга Марија ангажирала платен убиец за време на нивниот развод за да се ослободи од него, тој решил да се здружи со полицијата за да се осигура дека таа ќе заврши во затвор.
Во 2015. година, Марија понудила околу 20.000 долари на маж по име Густаво за да и го убие сопругот, несвесна дека тој и Рамон биле пријатели.
“Кога прв пат слушнав дека сака да ме убие, се замрзнав. Потребно ми беше малку време за да ми влезат овие зборови во мозокот. Не сакав да верувам во тоа. Кога сфатив дека е вистина, секако, бев лут, тажен и збунет”, изјавил тој за The Sun.
Сепак, тој одлучил да продолжи да живее со неа како да не се случило ништо.
„Спиев со непријателот, секогаш со едно око отворено. Се обидував да делувам нормално, така што таа ќе продолжи со нејзиниот план. Морав така за да можеме да ја фатиме на дел“, рекол Рамон.

Во договор со полицијата, Густаво ја снимил следната средба со Марија, но тоа не било доволно за да ја обвинат, па полицијата предложила Рамон да го фотографираат како да е мртов, за да Густаво може да и докаже на Марија дека го сторил делото. Користејќи боја за тело, на Рамон му била направена „рана“ на неговата слепоочница.
“Беше многу гадно. Оваа фотографија до ден-денес покажува една од најтешките работи што сум ја направил во мојот живот. Бев ужаснат кога си замислував како лежев во плиток гроб во долна облека со рана на мојата слепоочница. И целата оваа драма служеше да и докажа на мојата сакана дека сум мртов. Таквото лудило е тешко човечкиот мозок да го сфати“, рекол тој.
Густаво се сретнал со Марија и и’ ја покажал фотографијата, а наводно се смеела кога ја видела.
Потоа била уапсена. Таа се изјаснила за виновна и во октомври 2016 година била осудена на 20 години затвор.

Рамон напиша книга за ова искуство, а денес тврди дека е среќен што е жив.
“Никогаш не помислив дека ќе сака да ме убие. Немавме лесен развод, но убиството никогаш не ми помина глава. Откако ги видов сите докази, можам да кажам дека сум среќен што сум жив. Марија веќе долго време се обидуваше да ми го уништи животот, и кога тоа не и успеа, таа одлучи да ме убие. Се надевам дека мојата книга ќе им помогне на сите мажи во ваквите односи“, заклучил тој.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Жабуркајте ја оваа течност 60. секунди во устата и сите „наслаги“ од забите ќе исчезнат

Сите ние сакаме да ја задржиме хигиената на устата и да имаме што е можно …