(ФОТО) КАКО ОВА НИКОЈ НЕ ГО ВИДЕЛ? – 13. бизарни грешки во инаку генијалните филмови!

Дури и најголемите режисери понекогаш прават грешки во своите филмови. Тие грешки можеби не се важни за самата приказна, но можат да го „уништат“ комплетниот впечаток. На пример, женскиот лик од еден од филмовите не ни забележал дека неговиот син бил заменет од девојче, а некои холивудски режисери од невнимание дури патуваат низ времето. BrightSide издвоил неколку грешки од познатите филмови кои порано можеби не сте ги забележале.
„Цитизен“ часовникот кој ликот на Бред Пит го носи во новиот филм на Тарантино, „Било еднаш… во Холивуд“ е всушност првпат продаден во 1972. година, а филмот е сместен во 1969. година. Тогаш тој модел буквално и’ не постоел.
Верните гледачи нашле грешка во „ИТ“. Дејствието е сместено во 1989. година, но на полиците на продавницата се наоѓаат козметички производи одденес, на пример „Нивеа“ крем и „Олај“ масло.
Во филмот „Дедпул 2“, во сцената во која главниот јунак разговара со таксистот, во десниот агол се појавува и исчезнува малечок букет цвеќе.
Ден од „Веном“ го држи таблетот во десната а телефонот во левата рака, но веќе во следниот кадар апаратите волшебно си ги заменуваат местата.
На почетокот на филмот „Фантастични ѕверки и каде да се најдат“ британскиот волшебник Нјут Сцакамандер со брод пристигнува во Њујорк, а дејствието е сместено во 1926. година. Во 1920-ттите страниците на сите британски пасоши биле вертикални, но цариникот неговата лична карта ја свртел на страна.
Во „Мајстори на илузијата“ ликовите на Дени и Хенли влегуваат во трезор криејќи се во метална палета. Логично е дека  не би можело да ги собере во неа, а всушност во една сцена и се гледа дека внатре нема никој.
Потписот на Марк Витни ви филмот „Марсовец“ изгледа потполно поинаку во различни кадрови.
Кога лик од „Милионер од улица“ ја наоѓа Латика во студиото, обетката на нејзиниот нос се појавува и исчезнува.
Во канцеларијата на главниот лик во „Добрите дилери од Далас“ на ѕидот има постер од „Ламборџини Атендатор“. Дејствието се одвива во 1985. година, а овој автомобил не постоел се’ до 2011.
Во филмот „Ајс Вентура: Кога природата повикува“, кога приватен детектив доаѓа во куата на Винсент Кадби, го затекнува како игра шах. За време на разговорот меѓу ликовите, шаховските фигури исчезнуваат од масата.
Творците на филмот „Милја 22“ биле премногу мрзеливи да напишат смислени зборови на руски па текстот се состои од случајни букви и не значи ништо.
Црвениот шал на мажот во „Џуманџи: Добредојдовте во џунглата“ се појавува и исчезнува во иста сцена.
Во една од сцените на „Аквамен“ малечкиот Артур бил заменет со девојче со долга и помалку кадрава коса.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Здрава и фит жена споделува четири симптоми на рак на тироидната жлезда кои ги игнорирала

На КРИСТИНА Мекнајт, која сега има 35. години, и бил дијагностициран рак на тироидната жлезда …