ЛИЦАТА родени во овие хороскопски знаци мислат дека светот се врти околу нив

Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
НЕ е лошо да се има добро мислење за себе се додека тоа не ги премине некои граници.
А овие хороскопски знаци се толку самоуверени што мислат дека светот се врти само околу нив и дека баш скеогаш и околу се се во право.
Јарец
Јарците не треба никому да се докажуваат бидејќи едноставно знаат дека се совршени. Но, ова е често далеку од вистината. И заради нивното самодопадливост, тие не се многу популарни во друштвото затоа што никој не може да толерира некој што зборува само за себе и очекува дека на сите околу нив ќе им бидат главна преокупација.
Девица
Иако тие често не делуваат самозадоволни затоа што се повлечени, Девиците генерално мислат дека се подобри од останатите. И, ако се осмелите да се расправате со нив за нешто, овие врвни кавгаџии нема да ви дадат душевен мир додека не признаете пораз затоа што се убедени дека секогаш се во право за сè, и дека нивните ставови и мислења се единствени исправни.
Лав
Лавовите сакаат сите да се восхитуваат и да ги обожаваат и се целосно убедени дека имаат право тоа да го очекуваат од своите најблиски. Тие имаат толку големо мислење за себе што претпоставуваат дека сите околу нив им завидуваат на сè, дури и на луѓето што штотуку ги запознале. Тие, исто така се големи злопамтила кон оние што се осмелуваат да им кажат дека светот не се врти околу нив, засекогаш им замеруваат.
Овен
Овните не се согласуваат на никаков компромис и мислат дека имаат право да добијат што сакаат и очекуваат другите да го прифатат тоа како факт. Нив апсолутно не ги интересираат туѓите мислења затоа што тие самите знаат сè најдобро, па токму затоа се сметаат за најсамодопаден знак за хороскоп.
Близнаци
Нема поголеми снобови од Близнаците и самозадоволството е едноставно нешто што им одговара на нивниот животен стил. И’ иако сметаат дека имаат право на подобар живот од другите, тие обично не успеваат да го постигнат тоа затоа што се вечно незадоволни од сè.
Стрелец
Како уште еден голем хороскопски сноб, Стрелецот не толерира никој што не се согласува со нивните ставови и мислења. Тие се со слободен дух и чувствуваат дека можат да направат што сакаат, затоа што секогаш се во право, дури и ако така му направат многу штета на некој друг.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ако најдете ПАРИ на улица, не ги земајте: Ова е причината!

Според верувањето на фенг шуи, постојат работи кои не треба да ги внесуваме во куќата …