iOSдевелопер – професија во подем: Како од 0 до една од најплатените професии во IT светот?

Според истражувањето спроведено од страна на it.mk, девелоперите на мобилни апликации во Македонија земаат месечни примања со просек од 83.326 денари. Тоа е еден значаен показател дека индустријата на мобилни апликации е во подем и дека постои очигледен дефицит на стручен кадар во истата.

Во нашата земја постојат голем број на IT компании кои нудат вработувања во најразлични гранки од информатичкиот сектор, а во последно време најмногу расте побарувачката на iOS и Androidдевелопери кои развиваат апликации за мобилни уреди.

Во Македонија единствената Академија за изучување на iOS технологијата а воедно и начин за да се стане iOSдевелопер е iOS Академијата на CodeWell и Семос Едукација.

“Со оваа програма, прва и единствена од овој тип во Македонија, ќе го затвориме кругот и празнината помеѓу она што IT компаниите го бараат и она што учесниците на Академијата го знаат и умеат да го испорачаат. Учесниците ќе можат самостојно да смислуваат иновативни решенија, а во исто време ќе бидат носители на процесот на градење комплетна и функционална iOS мобилна апликација. Покрај финалниот проект, учесниците ќе имаат неделни предизвици и проекти за време на програмата.”, изјави Мартин Анчевски, водечки инструктор на Академијата, еден од основачите на компанијата CodeWell и главниот технички експерт заслужен за спороведување на над 100 успешни проекти.

Но, зошто токму iOS програмирање?

  • iOS програмер е една од најбараните професии на пазарот во денешно време. Многу е тешко да се најде кадар кој е правилно обучен и работи по светски стандарди и најнови технологии бидејќи тоа што го учат студентите на факултет во врска со iOS програмирањето е само гребење по површината на таа наука.
  • Swift како програмски јазик е доста добар за почетници кои сакаат да научат програмирање. Насоките за програмирање во Swift произведуваат код кој е разбирлив, со помалку линии код кој е генерално побрз. Swift исто така има околина за учење на јазикот наречена SwiftPlayground која е практична за почетници.

 

  • Преку изучување на iOS може да се прави редовна дополнување на знаењето и портфолиото со оглед на тоа што секојдневно се среќаваме со унапредување во технологијата

Ова се дел од искуствата кои ни ги пренесоа учесниците од втората генерација на iOS Академијата.

“Во текот на обуката изработувавме повеќе функционални апликации. По завршување на IOS Академијата продолжив да работам во Семос. Нановатагенерацијаимпрепорачувамдајапосетат  IOSАкадемијазадасестекнатсознаењевосвератана Swift програмирање” – изјави Јован

“ Од секогаш сум сакал да програмирам и да работам нешто поврзано со програмирање но никогаш не знаев со кој програмски јазик да почнам, кога почнав да ги користам производите на Apple сфатив колку нивниот екосистем е перфектен и се одлучив да програмирам во јазикот кој го користат они “Swift”, истражував на интернет која компанија во Македонија да ја одберам и најдобри одговори добив за академијата на Семос едукација и Codewell. – додаде Ристо

“За време на обуката на академијата се здобив со одлично теоретско и практично знаење. Генерално, одлично искуство, многу сум задоволен и би ја препорачал на секој што сака да развива мобилни апликации на iOS платформата.” – порача Стефан

“Програмирањето од секогаш ме интересирало. IOS Aкадeмијата беше мојот избор од таа професија како нов почеток и ново искуство.ПозавршувањтонаакадемијапочнавсопрактичнаработавоCodeWell.” – заклучи Александар

Уписите за третата генерација на единствената iOS Академија се во тек, а повеќе информации за програмата, начинот на учење, можности за градење на нова и дефицитарна професија, заинтересираните можат да добијат на отворениот ден кој ќе се одржи на 25 септември со почеток во 17:30 во Codewell.

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО) НЕМА КАКО РУСИТЕ: Еве како на Урал од тиња прават злато!

Експертите од Лондонската берза на метали на овој производ му дадоа ознака на највисок квалитет …