(ФОТО) МИХАЕЛ ШУМАХЕР – Le Parisien: „Медицинска сестра од болницата ни откри дека Шумахер е буден!“

Завчера Le Parisien објави дека во понеделникот, Михаел Шумахер, од Женева пристигнал во европската болница „Жорж Помпиду“ во Париз, на таен третман на матични клетки.
Германците пишуваат дека тоа не е првпат славниот Германец да дошол на третман во таа париска клиника. Доаѓал и досега, најмалку два пати, и тоа со хелихоптер, а во болницата бил пријавуван под лажно име.
Le Parisien денес пишува дека Шумахер за време на тие третмани бил при свест, а ги цитира и зборовите на неименувана медицинска сестра од болницата.
„Да, јас се грижам за него и ве уверувам дека е при свест“, рекла наводно. Францускиот весник додава и дека Михаел Шумахер го посетил неговиот шеф од Ферари, Жан Тод, кој од болницата излегол после 45. минути. Главен човек за неговиот третман во париската болница е Филип Менашче, 50. годишен професор од Германија.

Да потсетиме, несреќата на легендарниот возач на Формула 1 се случила на 29. декември 2013. година кога Михаел и неговиот син биле на скијање во францускиот Марибел. Во еден момент Германецот отишол вон патеката и запнал за камен кој го отфрлил десетина метри во воздух.
Паднал и со главата удрил од камен, а без оглед што имал кацига, последиците биле драматични. Информациите за неговата состојба неговото семејство ги држи во строга тајност.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Го смирува ЖЕЛУДНИКОТ, ја обновува СЛУЗОКОЖАТА: На овој начин подгответе ги семките од ЛЕН и прочистете го организмот

Ако имате болки во желудникот, се нервирате, пиете премногу лекови, лененото семе ќе биде вашата …