(ФОТО) МЕРЈЕМ УЗЕРЛИ – ХУРЕМ: „Ме удираше, ми се смееше во лице, беше како во ПЕКОЛ!“

Била камшикувана, се обидела да си ги исече вените и да скокне од балкон, а тоа не е сиот пекол низ кој минала. Но, денес,после се, не ја тргнува насмевката од лицето…
Турската актерка Мерјем Узерли е позната по улогата во серијалот „Сулејман величествениот“, а убавата Хурем неодамна се појави и на фестивалот во Венеција, каде не ја тргна насмевката од лицето и сите очи беа вперени во неа.
Денес Мерјем е силна и сталожена жена, но, мораше да помине многу за да најде мир и среќа.Во нејзиниот живот, тоа навистина не беше лесно, таа помина низ навистина тешки животни ситуации и во некои моменти нејзиниот живот беше пекол.
На 19-годишна возраст, таа шетала гола низ Дубаи, а потоа животот и се сртел наопаку, и се случила првата тешка казна во нејзиниот живот. Таа беше казнета за лошо однесување во вид на камшикување.
„Најпрво бев шокирана од казната, а потоа на почетокот мислев дека барем нема да ме удира многу силно. Но, тоа беше пекол! Мажот кој ме камшикуваше, буквално ми се смееше во лице. Ме удри 10. пати“, открила во едно интервју истакнувајќи дека за неа, освен физичката болка која била неподнослива, таа имала и големи психички последици.

View this post on Instagram

💕

A post shared by meryemuzerlimeryem (@meryemuzerlimeryem) on

Била на раб на самоубиство
На врвот на славата, на Мерјем во почетокот и цветале ружи и на приватниот љубовен план. Таа се запознала со бизнисменот Кан Атес, која бил 17 години постар од неа. Забременила со него, убедена дека и тој ќе ја сподели радоста поради пристигнувањето на бебето. Сепак, тој се обидел на секој можен начин да ја принуди на абортус затоа што не можел да го сноси фактот дека може да има трето дете.

View this post on Instagram

❤️

A post shared by meryemuzerlimeryem (@meryemuzerlimeryem) on

Тој став ја скршил актерката. После многу размислување, таа одлучила да има бебе и покрај големото спротивставување на нејзиниот поранешен љубовник, а на свет дошла малечката Лара.
Периодот пред да се роди Лара бил најтешко за неа, и отворено признала дека била на работ на самоубиство и имала самоубиствени мисли.
“Една вечер во Анталија, добивам признание за мојата глума, а истата вечер се обидов да се самоубијам. Прво се обидов да ги исечам вените, а откако немав храброст за тој чин во последен момент, се обидов да скокнам од балконот”, признала таа. Но, за среќа, таа секогаш се откажувала во последена момент.
Нејзиниот љубовен живот отсекогаш бил тема на озборувања
И по тој тежок љубовен период, актерката не најде среќа во љубовта. Таа имала храброст да се обиде повторно, но се чини дека актерката избира слични мажи. Нејзиниот следен избран бил на многу начини сличен на претходниот. Тој исто така беше 17. години постар бизнисмен, а нивната љубов траеше само два месеци.
Нејзиниот љубовен живот отсекогаш бил тема на озборувања. Се шпекулираше дека таа речиси го уништила бракот на нејзиниот колега Халит Ергенц. Сепак, кружат гласини дека таа всушност сака жени, а бидејќи многу викенди поминала во Рим, се шпекулирало дека уживала во блиска средба со манекенките. Таа негирала велејќи дека нејзината драга пријателка живее таму.
Сепак, се чини дека лошиот период е зад неа и таа не престанала да се смее на неодамнешниот филмски фестивал во Венеција.

View this post on Instagram

🖤

A post shared by meryemuzerlimeryem (@meryemuzerlimeryem) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) БИЛ ЧОВЕК СО ГОЛЕМО СРЦЕ, НИКОЈ НЕ ЗНАЕ ДЕКА ОДЕЛ ТАМУ: Вдовицата на Оливер Драгојевиќ открила сериозна ТАЈНА на славниот пејач!

Вдовицата на Оливер Драгојевиќ, Весна ги коментирала сликите на нејзиниот сопруг и открила некои непознати …