(ВИДЕО) Самодоверба на ниво – ЖЕНА ОД 127. килограми шетала по модна писта: Морала да с еотпише од школо бидејќи сите ја мачеле поради дебелината а сега ги дочекала своите 5. минути!

Американскиот плус сајз модел Тес Холидеј (34) прошетала по пистата на Модната недела во Њујорк, стискајќи ги градите. Таа ги покажа своите килограми во тесен бел фустан и ја испровоцирала публиката,а многумина се воодушевени со нејзината самодоверба.
Со бел фустан таа комбинирала папучи со иста боја, а од шминка користела црвен кармин и син туш за очи, што не можело да помине незабележано.

Тес имала прилично тешко детство. Врсниците постојано ја задевале заради дебелината и бледата кожа, па на 17-годишна возраст го напуштила школото и се свртела кон плус – сајз индустријата. Како и да е, таа снимила неколку реклами за принт и каталози, бидејќи и рекле дека е премногу голема и премногу ниска. Таа се преселила во Сиетл и таму работела како фризер и креативен директор на ревии. Во меѓувреме, таа родила син и се пресели во Лос Анџелес, а токму овој потег и помогнал да се здобие со поголема самодоверба.

После тоа, таа се вклучила во документарната серија „Тешки“, се појавила во реклами на телевизија и големи плакати низ Америка, снимашлакампања за козметички брендови и се појавила во италијанскиот Вог во 2011. година. Една година подоцна, таа се запознала со нејзиниот сегашен сопруг, бизнисмен, фотограф и уметник Ник Холидеј, за кого се омажила во 2015 година. Оттогаш, таа целосно се посветила на плус сајз кариерата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Најлуда свадба во Србија – извадил „зоља“ за да гаѓа јаболко 

Српските свадби ги следат низа обичаи, а еден е да се гаѓа јаболко со пушка. …