НОВ УСПЕХ НА МАКЕДОНСКИОТ МАРАТОНЕЦ: Трета светска титула за Евгениј Поп Ацев!

Неофицијално, со 365 бодови од шест трки Евгениј Поп Ацев е нов светски првак во ФИНА серијата на ултрамаратони за 2019 година.
За најдобриот македонски пливачки маратонец ова е трета светска титула, првите две беа освоени во 2015 и 2017 година.
Денеска се пливаше и последната трка годинава во Капри Наполи (Италија) каде што нашиот маратонец го освои третото место, зад Италијанците Андреа Бјанки и Франческо Гетини.
Единствениот конкурент на македонскиот пливач, Едоардо Стокино, иако на домашен терен, заврши како петтопласиран на целта, зад Дамијан Блаум од Аргентина и со 348 бодови е втор во вкупниот пласман.
Така, по третпат во својата кариера Евгениј Поп Ацев е шампион на светската серија на ултрамаратони на ФИНА за 2019 година! Неофицијално, со 365 бодови од шест трки Евгениј Поп Ацев го освои првото место во генералниот пласман.
Претходно во Санта Фе (Аргентина) Поп Ацев беше четвртопласиран, во Росарио (Аргентина) заврши на шестата позиција, па петти на трката во Ст. Жан (Канада), и со втори места на Охридскиот маратон и во Хрватска.
Извор: слободенпечат.мк/facebook.com/mariangela.allegretti

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) ГОРДОСТ МАКЕДОНСКА НА СВЕТСКИ КУП: Катерина Ацевска со 16. зрачно сонце на највисокото скалило на пиедесталот!

Катерина Ацевска покажа надмоќ и храброст против најсилните противнички и на величенствен начин триумфираше на …