(ВИДЕО+ФОТО) Надал во ЕПСКО ФИНАЛЕ до 19. Грен слем титула!

Во финалето на УС Опен, во натпревар кој траеше скоро пет часа, Рафаел Надал го победи Данил Медведев со 3-2 во сетови.

Надал поведе со 2:0, но Медведев успеа да се врати, да го освои третиот и четвртиот сет, сепак во петтиот пресуди искуството на Надал во однос на младиот Русин кој го одигра првото финале на Гренд Слем.

За Шпанецот, ова е 19-та титула на турнирите во Грен Слем и четврта на УС Опен.

Му недостасува само уште еден трофеј за да стигне до Роџер Федерер, а во моментов има уште три од Новак Ѓоковиќ.
Финалето во Newујорк инаку траеше 4 часа и 49 минути.
Резултат во сетови: 5:7, 3:6, 7:5, 6:4, 4:6.

Петтиот сет донесе многу возбудувања. Во петтиот гем после голема предност (после проблемот на Медведев со патиките) Надал конечно доаѓа до брејк и поведува со 3:2. По новиот брејк Рафа доаѓа до предност од 5-2 и сервира за титулата.
Медведев сепак возвраќа со брејк, но Надал и понатаму има предност. Конечно, Шпанецот го освои петтиот сет со 6:4 и стаса до нова титула.

Данил Медведев ги освои присутните…

После овој Гренд слем најдобрата тројка го зголеми освојувањето на најголемите титули па на врвот останува Федерер со 20, следи надал со 19 и Ѓоковиќ со 16.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) БИЛ ЧОВЕК СО ГОЛЕМО СРЦЕ, НИКОЈ НЕ ЗНАЕ ДЕКА ОДЕЛ ТАМУ: Вдовицата на Оливер Драгојевиќ открила сериозна ТАЈНА на славниот пејач!

Вдовицата на Оливер Драгојевиќ, Весна ги коментирала сликите на нејзиниот сопруг и открила некои непознати …