Се појавил договор на Роналдо: Нема поголем во историјата на фудбалот!

Договорот го потпишале претставниците на „Најк“ и „Поларис Спорт лимитид“, маркетинг агенција која ги има маркетиншките права за ѕвездата на „старата дама“. А „Најк“ се обврзал дека ќе ја исплати сумата на Роналдо до средината на 2026. година
Кога ќе се огласат германскиот „Шпигел“ и „Football Leaks“, се знае дека следуваат нови шокантни детали за богатите договори на спортските sвезди. Досега непознати детали се појавија од договорот на Кристиано Роналдо, кој Португалецот го потпиша со американскиот гигант и производител на спортска облека Најк.
Според наводите на „Шпигел“ и „Football Leaks“, во 2016. година, Роналдо потпишал неверојатен договор од 162. милиони евра што ќе ги добие во текот на 10-те години од договорот што трае.

Договорот го потпишале претставниците на „Најк“ и „Поларис Спорт лимитид“, маркетинг агенција која ги има маркетиншките права за ѕвездата на „старата дама“. А „Најк“ се обврзал дека ќе ја исплати сумата на Роналдо до средината на 2026. година
Без оглед на овој договор, Кристиано заработува неверојатна сума пари. Само од „Јувентус“ добива 31. милион евра на годишно ниво од она што го напиша „Gazzetta dello Sport“, што е за три пати повеќе од вториот најплатен играч во Серија А.

„Шпигел“ се обиде да контактира со „Поларис“, Хорхе Мендес и „Најк“, но наишол на затворена врата каде и да прашал. Само од „Најк“ добил одговор дека немаат навика да ги коментираат своите договори со спортистите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) БИЛ ЧОВЕК СО ГОЛЕМО СРЦЕ, НИКОЈ НЕ ЗНАЕ ДЕКА ОДЕЛ ТАМУ: Вдовицата на Оливер Драгојевиќ открила сериозна ТАЈНА на славниот пејач!

Вдовицата на Оливер Драгојевиќ, Весна ги коментирала сликите на нејзиниот сопруг и открила некои непознати …