ЧУДО ВО АМАЗОНИЈА – 88.метри висока Dinizia excelsa заобиколена од огромните пожари!

Највисокото дрво во Амазонија, висок 88 метри, „Dinizia excelsa“, не е во опасност од пожарите што горат во оваа огромна дождовна шума, објавија британски и бразилски научници.
На северот на Бразил, во областа на гигантските дрвја, на границата меѓу државите Пара и Амапа, се наоѓа и „Dinizia excelsa“, која има опсег од 5,5 метри, според научните трудови што неодамна ги објави Државниот секретаријат за наука и технологија на државата Амапа.
Огромни стебла не се невообичаени во регионот, но тие обично достигнуваат околу 60. метри, објаснил Ерик Бастос, координатор за истражување спроведено во август од страна на научници од Федералниот универзитет во „Лос Валес де Зецитињон“ и британските универзитети од „Кембриџ“ и „Свонси“.
Дрвото е откриено од воздухот, а Бастос вели дека станува збор за „големо откритие и ние имаме задача да ги зачуваме тие дрвја“.
Бидејќи се наоѓа во густа шума, овој горостас не е загрозен од пожарите што ги проголтаат деловите на Амазонија каде се одвива прекумерно сечење.
Највисокото дрво на светот е „Секвоја“ која се наоѓа во Калифорнија, висока 115. метри, именувана од ботаничарите на Универзитетот Хеперион на универзитетот Хумболт.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

11 знаци дека мажот се откажува од вашата врска

Тажната вистина е дека дури и ако сте подготвени да поминете низ хаос само за …