(ВИДЕО) ПРИЈАТЕЛ ГО ПОВИКАЛ ДА МУ БИДЕ КУМ НА ВЕНЧАВКА: Се шокирал кога ја видел невестата!

Кога Пол Шопрони дошол на венчавката на неговиот пријател каде требало да биде кум, не знаел дека го чека најголемото изненадување во неговиот живот.
Поточно, се покажало дека тоа не е свадба на неговиот пријател, туку негова, а тој тоа го сфатил дури во моментот кога неговата девојка Алеша Пилава се појавила во венчаница.
Алеаша се’ организирала тајно и пред зачудениот Пол дошла пеејќи ја песната „It Should’ve Been Me“.


Тој, во шок, само ја гледал, а на крајот таа клекнала на едното колено и го прашала дали ќе се ожени со неа. Пол прво шегувајќи се и рекол „не“, но брзо ја бакнал својата идна сопруга и и’ рекол „да“.


Gepostet von Paul Schoproni am Mittwoch, 4. September 2019

Алеаша, пишува Mirror, објаснила дека во изминатите две години Пол ја прашал околу 30. пати, но таа се колебала, но на крајот решила се да надомести.


“Мојот пријател Кевин, кој беше мојот кум и свештеник, беше таму и јас дури и не помислував дека тоа е свадба на Кевин. Кога влезе пеејќи ја нашата песна, мислев дека е шега. Дури и сега, откако стотина пати го погледнав видеото, не можам да верувам во тоа. Јас сум импресиониран што таа беше во можност да го организира сето тоа зад мојот грб“, рекол воодушевениот сопружник.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Здрава и фит жена споделува четири симптоми на рак на тироидната жлезда кои ги игнорирала

На КРИСТИНА Мекнајт, која сега има 35. години, и бил дијагностициран рак на тироидната жлезда …