(ВИДЕО+ФОТО) На ужасен начин ја дознала вистината за своето минато – ИСТРАЖУВАЛА УБИСТВО НА ДВЕ ДЕВОЈЧИЊА ВО СВОЈОТ КРАЈ КОГА НА ИНТЕРНЕТ ВИДЕЛА ЧУДНА ФОТОГРАФИЈА: На неа била нејзината мајка и така ја дознала морничавата вистина…

Пред 17 години, две девојчиња, Холи Велс и Џесика Чепмен, исчезнале во британскиот Сохам.
Едно попладне, отишле во продавницата да купат бонбони, но никогаш не се вратиле.
Нивните тела биле пронајдени 13. дена подоцна недалеку од Сохам, а наскоро се дознало дека Ијан Хантли ги повикал во неговиот дом. Тој им рекол дека неговата девојка, учителка што ја знаеле од училиште, е внатре. Откако успеал да ги намамил да влезат, ги убил.

loading...

                                                                                                          Ијан Хантли

Бил уапсен и осуден на доживотен затвор. По пресудата, откриено е дека тој и порано бил апсен за сексуални престапи и злоупотреба на малолетнички.
За тоа време, едно друго девојка пораснало. Саманта Брајан имала 14 години кога во училиштето ги истражувала убиствата на Ијан Хантли. Таа го „гуглала“ неговото име и во потрагата се појавила фотографија, која ја шокираше.
На неа биле нејзината мајка Кејти и таа.


Бидејќи немала каде, нејзината мајка и’ признавала сè – Хантли бил нејзиниот татко и дека го оставила додека била бремена затоа што ја злоупотребувал.
Хантли го запознала кога имала 15 години.
“Тоа беше болен шок за мене. Илјада прашања ми поминаа низ главата. Не сакав да бидам поврзан со убиец. Дали и јас ќе бидам чудовиште како него”, се сеќава Саманта.


Сепак, успеала да го прифати тој факт и да сфати дека воопшто не е како нејзиниот татко убиец. Таа вели дека нејзиниот вистински татко е всушност сопругот на нејзината мајка, кој ја посвоил во 2009 година.
„Никогаш не сум била лута на мајка ми што ја криеше вистината од мене, затоа што ниту јас не би му кажала такво нешто на моето дете на таа возраст“, рекла таа.

Екран.мк/The Sun
Foto: Youtube/Printscreen

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОКАЈУВАЊЕ – Меган и Хари се борат да го запрат емитувањето на документарниот филм: Не сакаат светот да слушне што се кажале

Покајание, „пеглање“ работи, придобивки… Меган Маркл и принцот Хари сакаат да го променат документарецот што …