(ФОТО) Балерината открила што јаде – да остане слаба а да не гладува

Мери Хелен Бауерс има импресивно балетско искуство. Дури и денес, како мајка и успешна деловна жена, и понатаму се придржува до одредени работи. Открила како изгледа нејзината исхрана…
Мери Хелен Бауерс (38) била професионална балерина која денес е одговорна за преобразба на илјадници женски тела – од моделите на Victoria’s Secret до просечните жени.

Нејзиното виртуелно вежбање Ballet Beautiful, советите и приватните часови не останале незабележани па лично ја тренирала и глумицата Натали Портман пред снимањето на балетскиот трилер „Црн лебед“, која за таа улога добила Оскар.

Мери Хелен Бауерс има импресивно балетско искуство. На тренинзи одела во многу елитното школо на американскиот балет, а потоа со 16. години отишла во Њујорк каде играла десет години. Потоа дипломирала на Универзитетот Колумбија и го основала Ballet Beautiful.

Дури и’ денес, како мајка и успешна деловна жена, и понатаму се придржува до строгиот режим на здрава исхрана и своите фитнес планови – и изгледа неверојатно, открива порталот stylecaster.com.
Открила како изгледа нејзината исхрана.
Просечниот ден го започнувам:Со пиење на голема чаша вода, прво тоа го правам.
За појадок имав – споро варен овес со органски ореви и половина праска.
За ручек имав: сечкана салата со шкампи, домати и авокадо.
За вечера имав: летна зелена салата со свежа тестенина од цели зрна и домашен сос од домати.

Денес грицкав:органска јаболка, сирење и сирови бадеми.
Мојот омилен здрав пијалок е вода – секогаш!
Единствена работа која никогаш нема да ја јадам е: Всушност не сакам храна со многу сол и тешка павлака.
Мојот најдраг тренинг е: Ballet Beautiful.
Храна во која уживам,а ми предизвикува чувство на вина е чоколадо и сирење.
Без тоа не би можела да живеам.
Мојот омилен здрав оброк е: Свежо овошје и сирови оревести плодови – бидејќи
е брзо, едноставно и преносливо.

Три состојки кои секогаш ќе ги најдете во мојата кујна се: Свежо овошје, органско млеко и органски јајца.
Мојот најголем здравствен совет за патниците е: Придржувајте се колку повеќе можете до рутината која ја имате дома. Побарајте здрави избори, вежбајте и пијте многу вода за да останете хидратизирани.
Мое препознатливо здраво јадење е: салата со предјадење. Сакам свежа органска салата со пилешко подготвено на скара и сос, или со риба на скара.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) БИЛ ЧОВЕК СО ГОЛЕМО СРЦЕ, НИКОЈ НЕ ЗНАЕ ДЕКА ОДЕЛ ТАМУ: Вдовицата на Оливер Драгојевиќ открила сериозна ТАЈНА на славниот пејач!

Вдовицата на Оливер Драгојевиќ, Весна ги коментирала сликите на нејзиниот сопруг и открила некои непознати …