(ВИДЕО+ФОТО) ХОРОР – МАЈКА МОНСТРУМ ИЗБЕГАЛА СО ЉУБОВНИКОТ: Владислава синот и ќерката ги оставила без храна и вода 11 дена – јаделе тапети и измет…

Мајката која ги оставила своите две деца без храна и вода 11. дена за да го помине времето со својот љубовник и нивното дете е осудена за убиство.
Владислава Трохимчук (23) од Киев, Украина не покажала каење за време на судењето, па дури и се смеела кога била осудена на 8. години затвор за намерно изгладнување на своите деца за убиство на нејзиниот син Даниел.


Нејзината ќерка Ана (3) успеала да преживее така што пиела вода од вазната, но девојчето страдало од хронична неухранетост.


Страшна просторија каде децата гладувале

Дечињата не можеа да ја напуштат просторијата затоа што под вратата имало пешкир.
Децата на тој начин 11. години гладувале, а за тоа време јаделе тапети, гипс и сопствен измет. Биле пронајдени траги на забите на sидовите, а тие очајно се обидувале да го отстранат линолеумот од подот за да отворат празнина под вратата.

Малите со запчињата ги гребеле ѕидовите и јаделе сопствени фекалии

Бившата свекрва на Владислав се обидела да влезе во станот, но немала клуч, вели нејзиниот син, Алексеј Трочимчук, таткото на малечките деца.
Неговата мајка ги пронашла децата 11. дена подоцна. Таа и рекла на полицијата дека отишла кај децата со намирници и играчки.

Имаше малку храна во фрижидерот, но децата не можеа да излезат од собата

“Ана лежеше на креветот и спиеше. Ја разбудив, и дадов сирење и банана, па ја држев во рацете. Тогаш се беше како во ужасен сон. Не разбирам како тоа се случило”, вели таа.

Владислава имала намера да ги изгладнува своите деца, а потоа да ги објави нивните слики на социјалните мрежи. Таа сакала да ги измами луѓето дека нејзините деца имаат тумор опасен по живот, за да може да собере пари за наводните третмани за лекување, изјавила пред судот.

Мајката ги оставила своите малечки деца 11. дена, додека минуваше време со својата нова љубов и нивната ќерка.
Извор од полицијата изјавил дека се забавувала додека ги мачела своите деца до смрт. Психијатрите пресудиле дека таа е ментално способна и може да се соочи со судење.
Судијката Галина Бондаренко ја нарекла „цинична и бездушна“, а осумгодишната казна што и била изрече предизвикала бес меѓу граѓаните.

Мајката монструм на судењето, рекла: „Не можам да најдам изговор за себе. Отсекогаш сум го посакувал најдоброто за своите деца. Сонував дека ќе учат, дека ќе живеат подобро и поинаку од мене. Бог го зеде мојот син и ме стави во притвор“.
Меѓутоа, кога била осудена, таа започна да се смее и да плеска со рацете.

Со оглед на времето кое Владислава го минала во притвор од времето кога таа го сторила делото како и нејзината условна казна, таа ќе мине уште три години во затвор.

Се очекува дека ќе биде вложена жалба но во тој случај казната можела да се промени во доживотен затвор.
Ќерката на Владислав, Ана, е дадена на посвојување, а мајката чудовиште ќе може да ја одгледа својата помлада ќерка Софија кога ќе излезе од затвор.

Екран.мк/Daily Mail

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Откако беше обвинета за фотошопирање фотографии, актерката откри како изгледа без шминка

Откако беше обвинета дека изгледа непрепознатливо на фотографиите, Салма Хајек на Инстаграм го покажа својот …