(ФОТО) ХОРОР ВО ШПАНИЈА: Пејачка убиена од огномет среде настап!

Имало две ракети. Една отишла во десен правец, а втората ја удрила пејачката во стомакот, рекол очевидец. На концертот имало илјада посетители кои во шок гледале што се случува…


Пејачката Јоана Саинз (30) починала на настапот во шпанскиот Лас Берлинас, во близина на Мадрид, откако на сцената во стомакот ја погодила ракета од пиротехниката, пренесува The Sun. Пејачката паднала на бината и итно била префрлена во болница. Иако лекарите се бореле за нејзиниот живот, таа починала во болница.


„Ноќта започна со забава,а заврши со трагедија“, напишал обожавател на пејачката кој бил на концерт.
Шпанските медиуми објавиле снимка од настапот каде е видливо дека експлодирал апарат за пиротехника. На сцената, покрај пејачката имало уште 15. лица.


„Имаше две ракети. Една отиде во десен правец, а другата ја удри пејачката во стомакот“, рекол очевидец.
На концертот имало илјада посетители кои во шок гледаа што се случува.


„Никој не може ова да го објасни. Ваков настап правиме веќе пет – шест години“, рекол Исидоро Лопез, организатор на концертот. Како што вели, огнометот обично трае 15 – 20 секунди.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Идеи за уредување: Како малиот стан да изгледа пространо!

Дизајнерката за уредување на ентериери Челзи Браун живее во стан од 48. квадратни метри во …