(ФОТО) Ѓоковиќ убедливо во четвртото коло: Во топ форма за брза победа!

Новак Ѓоковиќ го совлада денис Кудла во три сета (6:3, 6:4, 6:2) за нешто повеќе од два часа и се пласира во следното коло со што закаша средба со Стен Вавринка против кого води со 19:5.

Навивачите пред мечот повеќе биле загрижени за рамото на Новак, но првиот тенисер на светот се чинеше беспрекорен на теренот. Тој остана на теренот само два часа, не дозволи ниту еднаш противник да направи брејк, а спаси и седум топки. Тој не сервираше совршено, ниту го експлоатираше бекхендот, два удари што беа во криза во претходниот натпревар, но кога му беше потребно успеваше на совршен начин и да погоди, што значи дека рамото не е толку голем проблем како што во првиот момент се мислело.
Следниот натпревар Ѓоковиќ го игра против Стан Вавринка. Тоа ќе биде нивниот 25-ти дуел, Србинот има 19. победи, но нивниот последен натпревар го доби Швајцарецот во Њујорк во финалето во 2016 година.


„Имав можност да играм без болка и тоа е најважно и поради тоа е важно што бргу го завршив мечот. Вчера не тренирав и времето го искористив на третмани и да бидам што поподготвен со левото рамо за вечерва. Тоа се покажа како добро. Со Стен имавме неколку прекрасни мечеви, загубив во последниот меч тука пред три години. Многу трениравме заедно и се надевам дека ќе победам“, рече Новак после мечот.

Релаксиран призна дека слободното време го минува во Централ парк и ги повика сите присутни да му се придружат бидејќи е неработен ден, во сабота, па заедно да се забавуваат бидејќи обично тие денови има многу музика и забава во култниот парк во Њујорк.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

4 работи со кои не смеете да претерате: Можат да влијаат на вашето здравје

Би се рекло дека сè што не е умерено може на некој начин да ни …