ОЖИВЕЈТЕ ја својата љубовна врска во три едноставни потези!

ЧУВСТВОТО на оддалеченост од партнерот не значи дека вашата врска пропаѓа. Ваквите ситуации честопати се условени од различни околности, како што се премногу обврски, приватни проблеми и слично.
Сепак, тоа не значи дека треба да се откажете. Малку е потребно љубовта повторно да се запали, и овие едноставни потези ќе ви помогнат да го сторите тоа за само еден ден.
Појадок во кревет
Изненадете го партнерот со неговиот омилен појадок и донесете го во кревет. Покрај тоа што ќе му го заштедите времето што ќе го користи да го подготви, многу ќе го развеселите и ќе го охрабрите да започне да размислува слично.
Спонтана прегратка и бакнеж
Иако веројатно имате забрзан животен стил кој не дозволува да разменувате нежности додека не легнете во кревет, пристапете му одзади, додека, на пример, ги четка забите и цврсто гунете го. Верувајте ни, страстите веднаш ќе се запалат, а тие пеперутки во вашиот стомак може да оживеат како од почетокот на врската.
Изненадете го со филмска вечер
Пронајдете го омилениот филм и пречекајте го во импровизирано домашно кога ќе се врати дома од работа. Купете ги омилените грицкалки, запалете неколку свеќи и уживајте во фактот дека сте го подобриле денот со вашата сакана личност и покажете му колку навистина ви значи

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …