(ФОТО) Салма Хаек објави селфи без шминка и покажа дека тајната на нејзината убавина е едноставната нега

Салма Хаек има 52. години и обожава да објавува фотографии без шминка, а за нејзината нега се знае дека е многу едноставна.
За да го направите вашиот селфи да е совршен, потребна ви е вистинската светлина. Салма штотуку го истакна ова во ново издание.
“Ми се допаѓа да си играм со светлината. Кога ќе се запознаете со тоа, можете да направите да изгледате помлади и помистериозни, секси и слатки, но внимавајте бидејќи тоа може да ве направи да изгледате постари и погрди”, напиша таа.

Се чини дека Салма го усовршила играњето со светлината затоа што на фотографиите изгледа многу помлада. Нејзината нега е едноставна. Таа во една прилика рече дека никогаш не ја чисти кожата наутро, бидејќи од баба и научила дека кожата ќе се регенерира во текот на ноќта и со тоа ќе врати се корисно што ги изгубила во текот на денот.
Најмалку двапати на ден лицето го прска со ружина водичка, пишува Womanshealthmag. Прв пат тоа го прави наутро, пред да нанесе крем. Втор пат ја става навечер откако ќе ја исчисти кожата и ќе ја отстрани шминката со помош на кокосово масло. Актерката е позната дека е зависна од маски за лице, но најчесто ги прави од природни состојки како што се овесна каша и хибискус.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет знаци дека сте во врска со вистинската личност

Го запознавте партнерот од соништата и веќе некое време сте заедно. Сакате да верувате дека …