(ФОТО) ОВОЈ ХИРУРГ ЦЕЛА КИНА ГО СЛАВИ КАКО НАЦИОНАЛЕН ХЕРОЈ:9 часа оперирал 7. пациенти без пауза па заспал на подот во салата…

Хирургот Даи Ју станал херој на нацијата откако неговиот колега го фотографирал како спие исцрпено на подот на операционата сала, откако извршил седум операции за девет часа без пауза и го објавил подвигот на социјалните медиуми.
Д-р Даи е заменик директор на ортопедија во Централната болница Лонганг во Шенжен, јужна Кина.

На новинарите им раскажал дека тој и неговите колеги имале 10. закажани операции во понеделникот кога е направена фотографијата. Тие започнале во 8. часот наутро и работеле без прекини до 17. часот, а потоа анестезиолозите морале да донесат нови шишиња, па седна на подот да се одмори малку – и заспал. Така бил фотографиран од колега.

Скромниот хирург вели дека не е херој и должност му е да им обезбеди на своите пациенти најбрз и најдобар третман. Кога се разбудил по околу 15 минути, тој продолжи да работи до 21. часот.

Кинеската социјална мрежа Веибо експлодирала од радост.
„Честитки. Благодарам за напорите“, пишува еден корисник.
„Кинеските лекари се навистина најдобри! Одлични“, додава друг.
„Трогнат сум. Сакам да му се заблагодарам на овој лекар што му служи на народот“, изјавил еден пациент плачејќи, за Телевизискиот канал Лонганг.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Глумецот од сериите „НЦИС“ и „Бул“ ослабнал 20. килограми без „теретана“ – Открил и како!

Актерот Мајкл Ведерли, sвездата на сериите „Бул“ и „НЦИС“, неодамна призна дека се здебелил. За …