Познати групите во Лига Европа, во Белград ќе гостува Манчестер Јунајтед

Со ждрепка денеска беа одредени групите за новата сезона во Лида Европа. Белградски Партизан ќе игра во групата Л во фудбалската Лига Европа против Манчестер Јунајтед, Астана и АЗ Алкмар. Првото коло е закажано на 19 септември, а деталниот распоред ќе биде познат во текот на денот.
Втората и третата рунда се планирани за 3. октомври, односно, 24. октомври, четвртото и петтото коло на 7. ноември, односно, 28. ноември, а групната фаза ќе финишира со средби на 12. декември.
Ждрепката за нокаут фазата ќе се одржи на 16. декември. Датуми за шеснаесетфиналето се 20. и 27. февруари догодина, осминафиналните пресметки ќе се одиграат на 12. и 19. март, четвртфиналните на 9. и 16. април додека полуфиналните на 30. април и на 7. мај.
Новиот победник во Лига Европа ќе биде познат на 27 мај на стадионот „Енерга“ во Гдањск.
За време на извлекувањето на групите за Лига Европа за претстојната сезона, беше прогласен и најдобриот фудбалер за минатата, а наградата му припадна на Еден Азар кој во летниот преоден рок го напушти Челси и ја прифати понудата на Реал Мадрид.
Групи Лига Европа – сезона 2019/20:
Група А: Севилја (Шпанија), АПОЕЛ (Кипар), Карабаг (Азербејџан), Дуделанж (Луксембург)
Група Б: Динамо Киев (Украина), Копенхаген (Данска), Малме (Шведска), Лугано (Швајцарија)
Група Ц: Базел (Швајцарија), Краснодар (Русија), Хетафе (Шпанија), Трабзонспор (Турција)
Група Д: Спортинг Лисабон (Португалија), ПСВ Ајндховен (Холандија), Розенборг (Норвешка), ЛАСК Линц (Австрија)
Група Е: Лацио (Италија), Селтик (Шкотска), Рен (Франција), Клуж (Романија)
Група Ф: Арсенал (Англија), Ајнтрахт Франкфурт (Германија), Стандард Лиеж (Белгија), Виторија Гимараеш (Португалија)
Група Г: Порто (Португалија), Јанг Бојс (Швајцарија), Феенорд (Холандија), Глазгов Ренџерс (Шкотска)
Група Х: ЦСКА Москва (Русија), Лудогорец (Бугарија), Еспањол (Шпанија), Ференцварош (Унгарија)
Група И: Волфсбург (Германија), Гент (Белгија), Сент Етјен (Франција), Олександрија (Украина)
Група Ј: Рома (Италија), Борусија Менхенгладбах (Германија), Истанбул Башакшехир (Турција), Волфсбергер (Австрија)
Група К: Бешикташ (Турција), Брага (Португалија), Вулверхемптон (Англија), Слован Братислава (Словачка)
Група Л: Манчестер јунајтед (Англија), Астана (Казахстан), Партизан (Србија), АЗ Алкмар (Холандија)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ѓоковиќ: Со ваква игра, можам до крајот на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ не бил лошо расположен по поразот во финалето на турнирот од Мастерс серијата …