(ВИДЕО) УЖАСНА ПРИКАЗНА – ДЕВОЈЧЕ МИНАЛО 84 ЧАСА САМА НА АТЛАНТИКОТ: Она што и се случило е морничаво а тајната ја чувала 50. години!

Недалеку од Бахамите, во 1961. година едно мало девојче било пронајдено на отворено море, како плута во мал чамец за спасување.
Таа била изгладнета, температурата на телото и била повеќе од 40 степени. Никому не му било јасно како се створила таму.
Кога ја виде Николаос Спакидакис, офицер на грчкиот брод „Капетан Тео“, не можел да им верува на очите. Фотографијата, која наскоро се појавила низ целиот свет, е направена од еден член од екипажот.

WATCH: 1 of the most INCREDIBLE survival stories you'll ever hear. Somehow, someway, Terry Jo Duperrault found the strength to stay alive — and avenge the gruesome murder of her family. —-> for powerful stories from any time like HistoryBites!

Gepostet von HistoryBites am Mittwoch, 16. August 2017

Што всушност се случило?
Приказната започнува кога д-р Артур Даперолт одлучил да го однесе семејството на крстарење на Бахамите. На пат гтргнале неговата сопруга Џин, трите деца – Брајан (14), Тери Џо (11) и Рене (7), како и семејниот пријател и поранешен маринец Џулијан Харви, заедно со неговата сопруга Мери.
Одморот започнал добро и сите убаво се дружеле. Како и да е, на петтата ноќ од крстарењето на Тери Џо, ја разбудиле врисоци и чудно тресење што доаѓало над кабината во која спиела.
Девојчето се искачило на палубата за да види за што се работи и таму нашла ужасна глетка. Мајка и и брат лежеа во бара со крв, а потоа го видела Харви како оди кон неа. И удрил шлаканицата и и’ рекол да оди надолу.

Таа се спуштила под палубата, но водата веќе почнала да ја полни кабината. Таа потрчала кон Харви и го прашала дали тонат, на што тој кратко одговорил „Да“. После тоа, Харви земал гумен чамец и отишол да пови по морето.
Тери Џо останала сам, но во еден момент, се сетила дека имало уште еден чамец за спасување. Без вода и храна и ништо да ја заштити од светлото сонце, Тери Џо минала 84 часа на море додека не била најдена од грчкиот брод.
Она што девојчето не го знаело е дека Харви ги убил жената и нејзиното семејство додека таа спиела на бродот.

Откако паднал во сериозни финансиски проблеми, се сомнева дека ја убил својата сопруга за осигурување од 20.000 американски долари. Меѓутоа, кога Артур го виде како го прави она, тој морал да се ослободи од сведокот и тој со помрачен разум го продолжил крвавиот пир.
Тој ја потопил јахтата за подоцна да каже дека тој бил единствениот кој преживеал сериозна несреќа. Тој изјави на крајбрежната стража дека јахтата се распаднала. Но, тој сè уште бил со нив кога било објавено дека Тери Џо е пронајдена.
Тогаш тој извика: „О, Боже! Па, тоа е прекрасно“.

Следниот ден се самоубил.
Не е познато зошто само Тери Џо ја оставил жива, но тој веројатно не се надевал дека ќе преживее сама на море.
Тери Џо со години одбивала да зборува за своето семејство, а потоа напишала книга и се доверила на светот во 2010 година.
„Никогаш не сум била исплашена. Бев надвор на отворено и ја сакав водата. Имав силна верба. Верував во Бога и му се молев да ми помогне, дозволив сè да оди по својот тек“.
“Она што сакав да го кажам во мојата книга е дека никогаш не треба да се откажуваш, да не губиш надеж. Бидете позитивни, сочувствителни и задоволни, помагајте им на оние на кои им е потребна помош. Верувам дека доброто со добрто се враќа”, рекла таа.

Екран.мк/Allthatsinteresting
Фото: Wikipedia

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

До крајот на годината, пристигнуваат апчиња против корона вирус – гарантираат закрепнување по две недели?

Брачниот пар Кели бил вклучен во развојот на она што може да биде нова шанса …